1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Новинарката Гао Ју пред суд поради обвинение за издавање државна тајна

Рут Кирхнер (ард)/ А.Трајковска21 ноември 2014

Во Пекинг почна процесот против една од најпознатите новинари на земјата. Гао Ју се обвинува за издавање на државна тајна - за што и се заканува доживотна казна затвор. 70 годишната ги отфрла обвинувањата.

https://p.dw.com/p/1Dr5h
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Судот во Пекинг не беше достапен - новинарите и дипломатите не смееа да се приближат до зградата и беа растерани од повеќе десетици полицајци во униформа и цивилна облека. Исто така и членовите на семејството на Гао - меѓу нив и нејзниот син и брат и, не беа пуштени.

„Полицијата дојде вчеравечер околу 23 часот кај мене дома и со мене зборуваше околу еден час“, раскажува Гао Веи, брат на новинарката на телефон. „Тие ми укажаа денеска да не доаѓам во судот“.

Признание на телевизија

Обвинението и префрлува на Гао дека проследила на странски интернет страници интерен документ на Комунистичката партија. Во април таа затоа беше уапсена, а на почетокот на мај во затвореничка облека беше изведена пред државната телевизија - уште пред да има обвинение: „Тоа што го сторив ги крши законите и е против интересите на државата. Тоа беше погрешно. Јас ја научив мојата лекција и се прогласувам за виновна“.

Телевизиското признание за многумина набљудувачи беше шок - имено Гао се смета дека има силна волја. Со истражувачко новинарство и критички текстови за политичкото раководство направи име. Таа исто така отворено ги поддржуваше демонстрациите од 1989 година и уште во 90-те издржуваше долга затворска казна. Таа денеска го отповика пред судот своето телевизиско признание, известува адвокатот Мо Шаопинг. „Таа многу јасно стави до знаење дека признанието било изнудено и оттука било неважечко. Таа е убедена дека е невина и нагласи дека казнените дела за кои се товари не ги сторила“.

China Prozeß gegen Gao Yu Gerichtsgebäude in Peking
Процесот против Гао Ју се одвива зад затворени вратиФотографија: Reuters/Kim Kyung-Hoon

Адвокати и групи за човекови права сметаат дека обвинувањето за издавање на тајна не е основано. Тајниот документ бил документ, кој стана познат како „Документ број 9“, со кој Комунистичката партија предупредува од „седум опасности“, меѓу нив од слободата на печатот и универзалните вредности како демократија и човекови права.

Силна критика од Амнести интернешнл

Тоа нема никаква врска со државни тајни вели Вилијам Нее од Амнести Интернешнл. „Овој документ за кој се товари дека го издала, содржи само основи и генерални идеолошки гледишта на партијата. Тој никогаш не би смеел да биде категоризиран како државна тајна“.

Но, во Кина дефиницијата за државна тајна свесно не е прецизирана. А обвинувањето за издавање има голема тежина. Затоа се смета за сигурно дека Гао ќе биде осудена. Амнести не се воздржува од критика: „Со оглед на процесите против Гао и други зборувањето на владата за правна држава било дволично“, вели Нее.

Особено што денеска се одржа уште еден процес против критичар на владата. Во немирната провинција Ксинџијанг се одлучуваше по жалбата на познат уигурски научник. И таму процесот се одвиваше зад затворени врати, а одлуката не е за изненадување. Потврдена е доживотната затворска казна за Илхам Тоти поради сепаратизам, и покрај меѓународната критика.