1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нов страв и сеќавање на Втората светска војна

Кристоф Штрак / Александатр Методијев2 септември 2014

Постапките на Русија во Украина го засенија одбележувањето на почетокот на Втората светска војна. Таа почна на први септември пред 75 години со напад од страна на Германија на полскиот полуостров Вестерплате.

https://p.dw.com/p/1D5Ek
Фотографија: Reuters

Тие зборуваат со два различни јазици, но зборуваат како сојузници. Претседателите на Полска и Германија, Бронослав Коморовски и Јоахим Гаук при комеморацијата по повод почетокот на Втората светска војна, која започна пред 75 години, ја осудија секоја нова агресија во Европа. Тие ја нагласија неопходноста од одлучно спортивставување на секој ревизионизам, на секој национализам. Германскиот претседател Гаук рече дека тоа треба да се направи со „деескалирачката надворешна и безбедносна политика“ на Европската унија.

Местото на нивните говори не можеше да биде посимболично. Секоја година Полска се сеќава на нападот од страна на Германија на Вестерплате, полуостров кај Гдањск во Балтичкото Море, со што започна Втората светска војна. Утрото на први септември 1939 година германскиот воен брод „Шлезвиг-Холштајн“ отвори оган врз полската тврдина во делтата на Висла. Војната, која почна тука, однесе милиони жртви.

Почитување на меѓународното право

Коморовски и Гаук потсетија на страдањата на полскиот народ. Германскиот претседател зборуваше за срамот што до ден денешен го чувствува и помирувањето го нарече „чудо“. Коморовски се пожали дека неговата земја по 1945 година била „принудена“ да трпи комунистичко угнетување, па дури во 1989 година, со патот кон Западна Европа, успеала да ја почувствува слободата. Тоа го покажува и споменикот подигнат во шеесетите години на минатиот век, каде се прикажани лица на полски и руски војници рамо до рамо фатени за едно оружје.

Museum of the Second World War Archivfotos Kriegsbeginn
Септември 1939 година - Германците бомбардираат полски бродовиФотографија: Museum of the Second World War

Двајцата претседатели, како што се договорија, експлицитно не ја споменаа Украина, но инсистираа на почитување на меѓународното право. Последниот збор на Гаук во говорот беше „бранење“ и тоа останува како потсетник.

Историски сеќавања - актуелни грижи

Најјасен беше премиерот Доналд Туск. Идниот претседател на Европскиот совет ја нагласи потребата од засилување на НАТО.

„Ние Европејците мораме да извлечеме поука од трагичниот полски септември и годините од Втората светска војна, која не смее да влева наивен оптимизам“, смета тој. Туск подеднакво мисли и на германскиот напад на Вестерплате и на ивазијата на Црвената армија две недели подоцна.

Polen Danzig Westerplatte Gedenken 75 Jahre Zweiter Weltkrieg
Споменикот на ВестерплатеФотографија: Reuters

„Ако ние денес ја погледнеме трагедијата на Украинците, војната на истокот на нашиот континет, тогаш знаеме дека септември 1939 година не смее да се повтори. Денес има уште време да се побара прекин“ (на огнот, н.з.), рече Туск. Тој го пренесе расположението на многу Полјаци.

„Да, ние имаме страв“, рече 22-годишниот Кшиштов. „Кој знае што ќе дојде“. Така размислуваа и многу посетители на комеморацијата. Претседателите на Полска и Германија веќе долго во ноќта беа во центарот на Грањск, а полето пред споменикот остана празно. Во позадина во тревата остана 30-40 метри широк натпис "NIGDE WIENSEI WOJNE" или во превод: „Никогаш повеќе војна“.