1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нимиц во нова рунда разговори – Самарас не знае за македонски јазик

АМ/макфакс/миа3 јули 2014

Медијаторот Метју Нимиц во наредните неколку недели ќе ги посети Македонија и Грција, на нoва рунда разговори за името, информира агенцијата МИА. Во меѓувреме, грчкиот премиер изјавил дека македонскиот јазик не постои.

https://p.dw.com/p/1CUzU
Фотографија: MIA

Како што јавува агенцијата МИА, информацијата за доаѓањето на Нимиц во Македонија и Грција е од постојаниот претставник на Грција во ОН, амбасадорот Михалис Спинелис. Тој зборувал на конгрес на американската асоцијација на Грците во Њујорк. Во однос на преговорите за името на Македонија, Спинелис рекол дека Грција учествува „со добра волја“.

Грчката страна, преку изјава на премиерот Андонис Самарас, порача дека „Скопје покажува голема непопусливост и тоа е лош знак не само за Грција, туку и за целиот свет“. Како што пренесе агенцијата МИА, Самарас во Европскиот парламент во Стразбур изјавил дека не знаел оти постои македонскиот јазик. Грчкиот премиер смета дека овој јазик е измислица на комунистите.

„Игнорирав дека македонскиот јазик постои. Процесот на приклучување не е според распоредот, туку според заслугите. Во Европскиот совет одлучивме да не отвориме преговори со земјите кои не ги исполнуваат критериумите, бидејќи со тоа се става во прашање кредибилноста на проширувањето и на целиот процес во Европска унија. Сакам да додадам дека кога непопустливоста го заменува дијалогот, нештата стануваат многу тешки за решавање. Крајно тешки. Тоа е политичката реалност денес. Што се однесува до

Antonis Samaras Griechenland
Самарас игнорирал дека јазикот постоиФотографија: Getty Images

Грција ние сметаме дека Скопје покажува голема непопустливост и тоа е лош знак не само за Грција, туку и за целиот свет“, изјавил Самарас.

Во однос на тоа дека јазикот е измислен од комунистите и дека „има многу нешта што комунистите ги измислија самите“, Самарас не дал дополнителен коментар.