1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неприфатливо и потресно

Александер Кудашеф/превод:БГ27 март 2015

По ужасната трагедија на летот на Џерманвингс, во потрага сме по одговори. Притоа наоѓаме само болка и солидарност, коментира Александер Кудашеф

https://p.dw.com/p/1EyIE
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Hitij

Тоа е вистински кошмар. Копилотот своеволно- иако неговите мотиви се уште не се доволно познати- го урива авионот водејќи во смрт уште 149 други невини луѓе. Неговото самоубиство е во истовреме и масовно убиство на невини патници. Тоа е огромна злоупотреба на довербата која патниците им ја даваат на пилотите во илјадници летови секојдневно. Но сепак, овој кошмар е исклучок. Несфатлив исклучок.
Природно е сега да се бараат причините. Зошто копилотот би сторил такво нешто? Кој е одговорен? Кој треба да бида обвинет? Требало ли некој да забележи дека станува збор за проблематичен млад човек за време на неговата обука? Не треба ли повеќе психолози да бидат инволвирани во тренингот и тестовите?

Тоа звучи добро, но е во исто време и упростено. Колку често психолозите не успеваат да ја видат комплексната природа на луѓето кои седат пред нив, на пример? Дали сега тие треба да ја преземат одговорноста за обуката на пилотите, за ние да се чувствуваме поопуштено? Тоа не може да биде одговорот. Покрај тоа, програмата за обука на Луфтханза е веќе позната во светот по своите високи стандарди.

Alexander Kudascheff DW Chefredakteur Kommentar Bild
Александер Кудашеф, главен уредник на ДВФотографија: DW/M. Müller

Намерното уривање на летот 4У 9525 не потресе. Можеме да ја почувствуваме димензијата на овој ужасен настан, а во исто време, се обидуваме да разбереме што се случи. Бараме рационално објаснување кое би ни помогнало да го разбереме хоророт на трагедијата во француските Алпи. Но сето тоа ги надминува рационалните сфаќања.

Луѓето реагираат со сочувство за семејствата на жртвите. Медиумите, досега, покажаа почит за нивната болка. Луфтханза реагираше импресивно, ветувајќи помош за сите засегнати. И политичарите покажаа солидарност во нивната жалост. Посетата на местото на несреќата на францускиот претседател Франсоа Оланд, шпанскиот премиер Маријано Рахој и на германската канцеларка Ангела Меркел, го потврди тоа. Тоа беше голем симболичен гест кој покажа дека Европа и Европејците се обединети.
Срдечната симпатија на француските граѓани кои живеат во зафрлениот алпски регион каде се случи несреќата и нивната подготвеност да се помогне се исто така извонредни. Тоа покажува колку се блиски францускиот и германскиот народ, по вторпат во неколку месеци. Дури и вообичаено воздржаната канцеларка Меркел покажува колку ја погоди оваа трагедија. Таа покажува емоции. Германија е во состојба на шок; Германија е ужалена нација.