1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема веќе надеж за преживеани во бродската несреќа

ЖА/дпа/миа/ртре23 април 2014

Од потонатиот јужнокорејски траект Севол се вадат телата на сѐ повеќе жртви, подоброто време ја олеснува работата на нуркачите. Бројот на потврдени жртви се искачи на 146, повеќе од 150 уште се водат за исчезнати.

https://p.dw.com/p/1BmVO
Фотографија: Reuters

Бројот на жртвите од потонатиот траект во Јужна Кореја, една недела по несреќата, денеска се искачи на 146, додека нуркачките екипи ја продолжуваат операцијата за пронаоѓање на повеќе од 150 тела на лицата кои се водат како исчезнати.

Претставник на јужнокорејските власти изјави дека нуркачите мора да ги скршат ѕидовите на кабините за да дојдат до телата на жртвите. Од 476 патници и членови на екипажот, 339 беа средношколци и професори кои биле на излет, а над 75 отсто од 323 ученици загинаа или се водат како исчезнати по потонувањето на патничкиот траект Севол пред една недела. Само 174 лица се спасени, а се претпоставува дека другите се удавени.

Подобреното време во споредба со она на почетокот на акцијата за спасување, ја олеснува работата на нуркачките екипи. Во акцијата се употребуваат и роботи. Се претопставува дека најголем дел од патниците се нашле заглавени во кабините и во трпезарија на третиот кат на траектот. Роднините на патниците инсистираат оваа недела да завршаат работите на извлекувањето на телата. Капетанот на траектот, со уште неколку членови на посадата, се наоѓа во истражен затвор, меѓу другото е обвинет за неодговорно однесување и оставање на цедило на бродот кој тонел, како и ненавремено спроведување евакуација.