1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Невротичниот страв на Москва

Кристијан Трипе/ превод: Ж. Ацеска22 мај 2015

Со нов закон усвоен во Думата, невладините организации во Русија официјално можат да бидат ставени како непожелни на „црна листа“. Законот е израз на невротични стравови, смета Кристијан Трипе.

https://p.dw.com/p/1FTFa
Фотографија: Imago/Itar Tass/S.Savostyanov

Во основа, историјата на овој нов либерален закон може брзо да се раскаже: организациите, кои во Русија настапуваат политички непослушно, можат да бидат забранети, а на нивните активисти им се закануваат повеќегодишни казни затвор. Законот е малку непрецизен, не секому е јасно на кои организации се однесува. Значи, законот треба да го поттикне бирократското самоволие. Зашто, преку негова помош државата може да ја протегне својата рака, секогаш кога политичкото раководство во заднина тоа ќе го посака.

Невладините организации одамна се трн в око на руските владејачки елити. Во парламентот практично веќе нема опозиција. Законот беше усвоен со три гласа „против“ во Думата. Во Путиновата „диригирана демократија“ постојат само уште малубројни гласови на цивилното општество кои воопшто се осмелуваат да се кренат против авторитарнопатриотскиот конформитет. А бидејќи овие гласови во Русија се‘уште наидуваат на одек, треба да бидат доведени на линија или целосно замолкнати.

Спиралата на репресии се врти

Во последно време руските власти извршија претрес на стотици канцеларии на невладини организации. Од јули 2012 година постои закон кој ги принудува невладините организации на регистација, а оној кој добива средства од странство, во руските регистри и во јавноста важи за „странски агент“. Со тоа постои намера за стигматизирање на активистите за човекови права: на пример „Комитетот на мајките на војниците“, потоа „Голос“, група која разоткрива изборни фалсификати или организацијата „Мемориал“ која се бори за рехабилитација на жртвите на комунизмот од ерата на Советскиот сојуз .

01.2016 DW Quadriga Moderator Christian Trippe (Teaser)
Кристијан Трипе

Преку новиот закон, спиралата на внатрешно-политичка репресија ќе добие дополнително на интензитет. Пратениците во Думата се повикуваат на надворешно политички причини. Сите невладини организации, чија активност наводно е насочена против државата, против контитутивните темели и против одбранбената способност, се „непожелни“ и и следствено на тоа можат да се најдат на удар. Репресалија врз законска основа.

„Мајдан“ во Москва?

Еден од авторите на законот неприкриено откри: законот е одговор на санкциите од Западот. Тој веројатно сакаше да каже дека треба да се потисне интелектуалното и политичко влијание на Западот во Русија. Зашто во иднина, дури и „врските“ на руските организации со странство во принцип ќе бидат казниви и незаконски.

Зад сево ова се крие паничен страв од руски „Мајдан“, од промена на власта во Москва, изнудена под притисокот од улица. Кој пак би бил поттикнуван од странските невладини организации. Дури и новата руска воена доктрина го отсликува овој страв од „Мајдан“ на владејачката елита. Доктрината како опасност за Русија, покрај класичниот напад од надвор, ги наведува и внатрешнополитичкиот преврат и сценарија на нереди.

Во ваков невротично затворен начин на размислување економските санкции, патем, неизбежно ја промашуваат својата политичка цел. Во суштина, тие ќе ја зајакнат тенденцијата на раскинување на врските и изолирање.Новиот судир Исток-Запад носи обележја на психо-драма.