1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најтешка несреќа во историјата на Монт Еверест

ЕМФ/дв18 април 2014

Лавина на највисоката планина на светот во смрт однесе 12 луѓе. Ова е најтешка несреќа во историјата на Монт Еверест.

https://p.dw.com/p/1Bkfo
Фотографија: Jörg Brauchle

Шерпасите се луѓе без кои алпинистите во пределот на Хималаите не можат да го замислат искачувањето по највисоката планина на светот. Најмалку 12-мина шерпаси, според информациите на агенциите, загинале од лавина. Министерството за туризам во Катманду соопшти дека седуммина шерпаси од снегот се извлечени со тешки повреди. Повеќе лица се‘ уште се водат како исчезнати. Агенцијата Франс прес јави дека има 14 загинати шерпаси.

Лавината, според Непалскиот планинарски сојуз, тргнала на височина од 5800 метри. Шерпасите имале намера таму да препарираат рута за искачување, пред почетокот на сезоната на искачување на врвот.

Монт Еверест е висок 8848 метри. Годишно стотици алпинисти се обидуваат да се искачат на неговиот врв, односно како што се вели на „покривот на светот“. Досега во таквите обиди живото го имаат загубено околу 300 алпинисти.