Најбрзите возови во светот
Јапонскиот магнетен воз Маглев за првпат ја проби границата од 600 километри на час - за нов светски рекорд! ДВ ви претставува преглед на најбрзите возови на светот и нивните, сега надминати, претходници.
Летечкиот крал
Маглев е кратенка за „magnetic levitation“ во превод- магнетна левитација - лебдење. Јапонското чудо достигна брзинa од 603 километри на час и на тој начин го урна сопствениот рекорд. Неверојатната брзина е овозможена со непостоењето на триење, бидејќи возот буквално лебди благодарение на магнетните полиња.
Како во авион
При максимална брзина, чувството е како да патувате со авион, велат патниците кои се возеле. Јасузаки Ендо, шеф на центарот кој го тестира Маглев, тврди дека овој воз би останал стабилен дури и при поголеми брзини. Првата јавна линија е планирана за 2027 година, а проектираната брзина на таа модерна пруга меѓу Токио и Нагоја е 500 километри на час.
Брзо до аеродромот!
Но, сѐ додека Маглев не „дојде меѓу народот“ најбрзиот активен воз ќе биде Трансрапид во Шангај. И во кинеската метропола се користи магнетна левитација што овозможува брзина од 430 километри на час. Возот од периферијата на Шангај до аеродромот минува 30,5 километри- за само 8 минути.
Гордоста на Франција
Рака на срце, еден класичен воз беше уште побрз од шангајскиот. Тоа е една верзија на францускиот ТеЖеВе- TGV (Train à Grande Vitesse) кој достигна 574 километри на час на обични челични шини. Сепак, поради силното триење и високите трошоци за одржување, такви брзини веќе не се практикуваат, па денес возовите на TGV не возат побрзо од 320 километри на час.
Пекинг-Шангај
Повеќе мотори го придвижуваат и Harmoni CRH 380A. Зад комплицираното име се крие машина која на пробите во 2010. година достигнуваше до 486 километри на час, а се тврди дека експерименталната верзија достигнувала и 604 километри. Оние кои се возат на линијата Пекинг-Шангај сепак мора да се задоволат со „скромни“ 380 километри на час, а делницата од 1.318 километри се минува за пет и пол часа.
Брзиот ICE
Иако Јапонците во последните денови на двапати го урнаа рекордот, тоа не е честа појава. Затоа се уште се памети кога германскиот ICE во 1988. меѓу Хановер и Вирцбург разви неверојатни 406,9 километри на час. Во Германија денес возовите ретко надминуваат 250 километри на час, и така се штеди на нивното одржување. На Германците тоа им е доволно, под услов возот да стигне на време.
Нема мрдање
Но и најбрзите возови во Германија можат лесно да бидат ставени во мирување. Најчесто, кога се штрајкува, како што е случајот неделава...