1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На Русија да и’ се одземе организацијата на СП во 2018 година

Александар Методијев/ројтерс/дв27 јули 2014

На Русија треба да и‘ биде одземено правото да го организира Светското фудбалско првенство во 2018 година, порача британскиот заменик-премиер Ник Клег. Такво барање оваа недела изнесоа и некои германски политичари.

https://p.dw.com/p/1CjXL
Фотографија: picture-alliance/RIA Novosti

Клег во интервју за „Сандеј тајмс’ изјави дека Русија не треба да го организира овој настан откако западните нации ги осомничија проруските сепаратисти за соборување на малезискиот авион на 17 јули. При падот на леталото на истокот на Украина загинаа 298 лица. Британскиот заменик-премиер нагласи дека заканата за одземање на организацијата на Светското фудбалско првенство ќе биде „многу моќна политичка и симболична санкција“.

„Ако има една работа за која Владимир Путин се грижи, како што можам да видам досега, е неговиот статус“, оцени Клег. Според него, светските лидери ќе изгледаат „толку слаби и толку неискрени“ ако дозволат да продолжи да се одвива организацијата на Мундијалот во Русија. „Не можете да го имате ова – убавата игра во брак со грдата агресија на Русија на руско-украинската граница“, додаде Клег.

Весникот, кој ги објави изјавите на Клег, во последно време објавува серија на текстови во кои се обвинува за корупција при доделувањето на организацијата на Катар за СП во 2022 година.

Großbritanniens Vizepremierminister Nick Clegg
Ник КлегФотографија: Dan Kitwood/Getty Images

Претходно оваа недела со вакви ставови излегоа и некои германски политичари, кои побараа ФИФА да го премести Светското првенство кај друг домаќин. ФИФА ги отфрли ваквите препораки, тврдејќи дека „ќе има полза“ од организирањето на овој настан во Русија. ФИФА сака „да ги искористи своите турнири за промовирање дијалог, разбирање и мир меѓу народите“.

Во авионот на „Малезија ерлајнс“ загинаа 200 холандски државјани. Затоа Холандската фудбалска адоцијација информираше дека ќе организира состаноци на кои ќе се одлучи дали земјата воопшто ќе земе учество во квалификациските натпревари.

Притисок на спортски план се прави и во однос на Формула 1. Британскиот заменик-премиер изјави дека Русија не треба да биде домаќин ниту на „Формула 1 Гран при“, што треба да се одржи во октомври годинава. Шефот на Ф1Берни Еклстоун изјави дека сепак ќе се продолжи според планираното – Русија да биде домаќин на овој настан.

Бојкотот на спортските натпревари поради политички причини не е непозната работа. Така, во 1980 година 64 нации, меѓу кои и Германија и САД, останаа настрана од спортските натрпевари на Олимпијадата во Москва, како протест против руската инвазија на Авганистан.