1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наместо десниот, ќе се обележува левиот палец

СН/ам/миа19 април 2014

На претседателските и на предвремените парламентарни избори на 27 април граѓаните ќе бидат обележувани на левиот, наместо на десниот палец, како што беше на изборите за претседател на 13 април, гласи упатството на ДИК.

https://p.dw.com/p/1Bl3U
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Државната изборна комисија (ДИК) пред празниците донела ваква одлука поради трагите од мастилото кои се забележуваат на десните палци кај граѓаните, информираат од Комисијата.

Оваа година првпат избирачите во Македонија беа и ќе бидат обележувани со видливо мастило, кое е во вид на маркер. Граѓаните беа обележувани на десниот палец, а на изборите во недела (27.04.) на левиот, односно во делот од средината на палецот по ивицата на подноктицата и ноктот од палецот.

Кога гласачот ќе дојде во избирачкото место да гласа, според инструкциите на Државната изборна комисија, членовите на избирачкиот одбор најнапред треба да проверат дали тој има белег од видливо мастило за обележување на гласачи.

Потоа следува проверка на документите за лична идентификација на гласачот и дали тој е запишан во единствениот Избирачки список, по што му се издава гласачкото ливче и се обележува со видливото мастило. Избирачот кој нема да дозволи да биде обележан со видливо мастило нема да може да го оствари правото на глас.