1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва-Киев: Спорот околу гасот се заострува

Бриц/Шитце/Ж.А.27 февруари 2015

Во спорот околу гасот меѓу Русија и Украина тензиите повторно растат. Гасот кој Украина го има платено е доволен само до викенд. Москва повторно се заканува со запирање на славините ако Киев не изврши нова уплата.

https://p.dw.com/p/1Eihq
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Chirikov

Во главната централа на „Гаспром“, во јужниот дел од Москва, се крои руската енергетска политика: кој колку гас ќе добие решава моќниот концерн во договор со Кремљ. Моментно овде се чека на пари од украинскиот нафтен концерн „Нафтогас“-претплата за март, чиј рок е до крајот на месецов. Ако парите не стигнат, „Гаспром“ се заканува со консеквенци, како што истакнува портпаролот на концернот, Сергеј Купријанов:

„Уплатата на Украина е доволна за испорака на гас само уште до викенд. Ако Киев не плати, невозможно е да продолжиме со испорака на гас. Нафтогас треба брзо да најде пари.“

Навистина, „Нафтогас“ уплати во меѓувреме пари кои се доволни меѓутоа само за еден ден, тоа само дава можност накратко да се земе здив.

Оружјето моментно молчи, но се чини војната продолжува со други средства: со пари и гас.

Русија-Украина: Војна преку гас и пари