1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Моментот на вистината за Грција се одложува

Данхонг Жанг/ Симе Недевски2 септември 2014

Сѐ си има свој крај, дури и програмата за помош за Грција. Но на земјата ќе и биде потребна помош и откако на крајот од 2014. ќе истече сегашната програма.За тоа ќе стане збор на денешниот состанок на т.н Тројка во Париз

https://p.dw.com/p/1D4uV
Фотографија: dapd

Наскоро се навршуваат пет години откако презадолжената Грција ја турна европската монетарна унија во длабока криза. Потоа во насока на Атина истекоа полни 240 милијарди евра во кредити кои ги издвоија Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Освен тоа приватните инвеститори мораа да се откажат од 107 милијарди евра кои Грција никогаш нема да им ги врати.

Сето тоа малку помогна. Владата во Атина денес ја притиска долг од 320 милијарди евра. Тоа одговара на вредост од 170 проценти од вкупниот Брутодомашен производ на грчката економија. Стапката на задолженост така е многу поголема отколку пред избувнувањето на кризата. Во оваа планина од долгови, примарниот суфуцит во грчкиот државен буџет од 1,5 милијарда евра изгледа како капка во море.

„Во Грција се’ уште владее најголема стапка на невработеност во ЕУ. Имаме економија која уште од 2008. година се наоѓа во рецесија. Со слабиот примарен суфицит во буџетот мора да се отплаќаат камати и долгови. Тоа нема да функционира“, тврди Макс Оте, економист и менаџер на еден акциски фонд.

На Грција не ѝ е суден нов почеток

И Јоахим Шајде од Институтот за светска економија со седиште во Кил верува дека по завршувањето на програмата за помош, Грција нема да биде во состојба самостојно да излезе на крај со планината од долгови. Тој се залага за дополнително простување на долговите на оваа земја, и тоа радикално: „Попрво мора да сметаме на простување на половина од долговите, отколку да зборуваме за само 10 или 20 проценти.“

Простувањето на долговите мора да го следат мерки како што се водење на солидна буџетска политика и реформи на структурна економија. За самите Грци тоа, за почеток, би било големо олеснување. „Тогаш би морале да се концентрираат на други проекти кои би имале за цел економски раст. Тоа навистина би можел да биде нов почеток“, тврди Шајде.

Сепак, на Грците не им е суден нов почеток. „Веројатно се стравува дека тој пример би можел да поттикне некои други земји на слични идеи“, продолжува Шајде. Се’ во стил на прашањето: А што ќе ни се случи нам ако натрупаме долгови кои не можеме да ги платиме?

Макс Оте има уште едно објаснување зошто долговите едноставно не можат да се отпишат: „Долговите се сопственост на банките и на големите финансиски фондови. Секако дека тие се спротиставуваат на тоа, а политиката нема сила тоа туку- така да го истурка.“

Лекот е во „скриено отпишување на долговите“?

На крајот од краишата, земјите од еврозоната во пролета 2012. година им ветија на инвеститорите дека тогашното отпишување на долговите на Грција е еднократен потег кој нема да се повтори. Во меѓувреме половина од грчките државни обврзници се наоѓаат во рацете на јавно-правните институции во државите од ЕУ. Поради тоа има малку смисол расправата за ново отпишување на долгови без учество на државите од ЕУ и на Европската централна банка.

Schuldenschnitt Griechenland Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa

Како што владите на земјите донатори не можат да си дозволат нивните избирачи да им префрлаат дека парите ги фрлаат во буре без дно, така нема да биде едноставно да се „спакува“ трет пакет помош за Грција.

„Смислена е нова стратегија која подразбира дека во сето ова повеќе нема се вовлекуваат директно и даночните обврзници“, наведува Шајде. Новата стратегија гласи: намалување на каматите и продолжување на рокот за исплата на постоечките кредити. Експертите тоа го нарекуваат „скриено отпишување на долговите“. Овие мерки се веќе применети неколку пати, така што има малку простор за дополнително намалување на каматите или одложување на плаќањето. Просечниот кредит за Грција веќе сега има рок на исплата од 32 години.

Со други зборови: тешко дека некој политичар кој е денес на функција навистина ќе доживее исплата на тие кредити, чии рокови за плаќање, теоретски гледано, можат да траат до недоглед. „Политичката реалност е таква што во случај да е потребна помош, се прави сѐ за да се најде такво 'решение' кое само ја продолжува постоечката состојба“, вели Макс Оте. Јоахим Шајде изнесува појаснување кое не е толку дипломатско: „Моментот на вистината за Грција само се поместува понатаму во иднина“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема