1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Модните совети на интернет патоказ за многу млади девојки

Жанет Егер/ А.Трајковска17 април 2014

Сѐ повеќе млади жени го кројат својот перфектен изглед преку интернет. Во тоа им помагаат модните блокери - девојки кои ги споделуваат своите искуства и даваат совети за модни комбинации.

https://p.dw.com/p/1Bdda
Фотографија: Afsoon Yademellat

Франциска Албрехт е фотограф и текстописец од Лајпциг. Нејзиниот стил е нејзина марка. Блогот ѝ се вика „Zukkermädchen“ и таму покажува, што ќе облече денеска. Тоа во меѓувреме ги интересира многумина.

„Едноставно го отворам шкафот и гледам како се чувствувам. Секогаш било така. Понекогаш ги земам патиките, како денес, а утре можеби ќе бидат високи потпетици. Тука не се врзувам, туку се однесувам емоционално, онака како што се чувствувам. Гледам во огледалото и си велам: Денеска не е добра косата. На ред е шапката,“ вели Франциска.

Модниот блог на Франциска во меѓувреме има по околу 3000 кликови дневно. Таа веќе има спонзори и понекогаш е ангажирана за кампањи на фирми.

„За косата честопати ми праќаат нешто. Тоа е љубезно, за потребите на косата да добиеш нешто што го нема во секоја продавница. Но, најчесто навистина самата си купувам што ми треба.“

Блогер како носител на реклама - поприватно, пољубезно поблиску до луѓето. „Никогаш не гледав така на себе, но тоа ми стана јасно кога почнав да добивам коментари: Го купив тоа оти ти го препорача. Или: Сега ја нарачав маичката, бидејќи не знаев која големина ќе ми одговара во онлајншопот. Тогаш си помислив: Во ред, сега мора повеќе да внимаваш на тоа“.

Symbolbild Mode Kleidung
Фотографија: Fotolia/JaNo

Сѐ повеќе млади жени го кројат својот перфектен изглед на интернет. Лаура Бекер веќе една година е блогер.

Девојката од Лајпциг ги покажува нејзините омилени облеки, дава совети за тоа како самиот да направиш нешто и водин дневник на интернет.

„Најмногу комплименти не добивам за стилот кој го имам или за фотографиите кои ги правам, туку за мојот стил на пишување. Лично притоа не мислам ништо или не планирам некои прашања кои сакам да ги обработам. Најчесто едноставно пишувам,“ вели Лаура.

Тоа оваа студентка го прави во своето слободно време. Нејзиниот блог „L.E. catwalk“ дневно има околу 1000 кликови.

Исто така Франциска кога почна пред 4 години блогот и беше само хоби. Во меѓувреме тоа е нејзина главна професија. И тоа функционира одлично.