1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меѓународна истрага треба да утврди кој го урна малезискиот авион

Б. Георгиевски/дпа/ап18 јули 2014

Бунтовниците во Украина прифатија да обезбедат непречена истрага за уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“. Киев ги обвинува сепаратистите дека го урнале авионот во кој загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

https://p.dw.com/p/1Cep5
Фотографија: Reuters

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Mун синоќа изјави дека постои очигледна потреба за целосна и транспарентна меѓународна истрага за падот на малезискиот авион со 298 патници и членови на екипажот во источниот дел на Украина. За денеска е закажана итна седница на Советот за безбедност на ОН. Велика Британија, која побара одржување на итна седница на Советот за безбедност, исто така, побара да биде спроведена истрага под надзор на ОН.

Во меѓувреме, спасувачките екипи соопштија дека ја пронашле и втората црна кутија од авионот.

Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со украинскиот претседател Петро Порошенко и малезискиот премиер Наџиб Разак истакнал дека сите докази за падот на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ во источниот дел на Укрина, контролиран од проруските сили, треба да останат во Украина и да бидат прегледани од истражни органи. Обама и Порошенко нагласиле дека сите докази од местото на несреќата мора да останат каде што се најдени, на територија на Украина, додека меѓународните истражни органи не ја завршат истрагата на сите аспекти од трагедијата, соопшти Белата куќа.

Украинскиот претседател Петро Порошенко смета дека терористички акт е причина за падот на малезискиот патнички аион на истокот на Украина. „Порошенко смета дека авионот е соборен. Да, тоа не била несреќа, ниту катастрофа, туку терористички акт“, соопшти портпаролот на украинскиот претседател.

Poroschenko in Slowjansk 08.07.2014
Украинскиот претседател Петро Порошенко ги обвинува проруските сепаратисти дека го урнале авионотФотографија: Reuters

Затворен воздушниот простор

Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај „Евроконтрол“, синоќа соопшти дека украинските власти го затвориле воздушниот простор над источниот дел на земјата, по падот на малезискиот авион со околу 300 патници.

„По несреќата украинските власти го информираа ’Евроконтрол’ дека го затвораат воздушниот простор во источниот дел на Украина. ’Евроконтрол’ ги откажа сите летови, што според планираното, требало да минат низ овој простор. Тие ќе останат затворени до следните инструкации“, се наведува во соопштението.

Absturzstelle Malaysia Airlines MH-17 Ukraine
Фотографија: picture-alliance/dpa

Од вкупно 298-те луѓе во авионот на „Малезија ерлајнс“ што се урна вчера во источниот дел на Украина, 154 биле државјани на Холандија, изјави синоќа потпретседателот на „Малезија ерлајнс“ Хуиб Гортер. Гортер на конференција на амстердамскиот аеродром Схипхол, од кој полета авионот на летот МН17 за Куала Лумпур, изјави дека во авионот имало 283 патници и 15 членови на екипажот. Освен најмалку 154 Холанѓани, меѓу патниците имало и 27 Австралијанци, 23 Малезијци, 11 Индонезијци, шест Британци, четворица Германци, четири Белгијци, тројца Филипинци и еден Канаѓанец, додека националноста на останатите 47 патници засега останува непозната, изјави Гортер.