1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брифинг наместо лидерска средба

К. Блажевска26 мај 2015

Премиерот Груевски и лидерот на СДСМ, Заев денеска ги брифирале Тачи и Ахмети околу деталите од нивниот состанок во Стразбур. Следната недела нова средба

https://p.dw.com/p/1FWil

Третата средба на лидерската четворка Груевски-Заев-Ахмети-Тачи, заврши со договор во почетокот на наредната недела да има нова рунда во истиот состав. Детали од средбата не се откриваат, освен дека таа поминала во своевидно брифирање за текот на минатонеделните разговори меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур, со посредство на европратеничката тројка и комесарот Јоханес Хан.

Груевски и Заев тие информации денеска ги споделиле со лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Алуи Ахмети, како и со амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли.
Засега нема информиции дали е на повидок нова средба во ист или во проширен формат во Брисел или во Стразбур.
Груевски не даде изјава по денешната средба, а негговиот сопартиец Илија Димовски потврди дека на денешната средба се разговарало за средбата во Стразбур и дека идната недела ќе има нова средба.
Детали од средбата не откри ни лидерот на СДСМ.

„Не сме навлегле во детали и не можам да кажам дали има некаков напредок затоа што преговорите уште не почнале. Можни се и брзи решенија, но за тоа треба некој да преземе нешто“, рече Заев по средбата.
Луан Треси најави дека ДПА се надева оти следната недела ќе почнат посуштински преговори.