1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лажна фатва за обрежување на жените во Ирак?

АТ/ дпа/афп25 јули 2014

Обединетите нации проверуваат, дали навистина терористичката група ИДИЛ наредила обрежување на жените? Дали се работи за лажна фатва?

https://p.dw.com/p/1Cilb
Фотографија: Reuters

„Се обидуваме да утврдиме што знаеме со сигурност“, изјави портпарол на ОН и со тоа ги релативираше изјавите на заменикот пратеник на ОН за Ирак, Жаклин Бедкук. Таа на една видеоконференција емитувана во Женева вчера соопшти дека раководството на ИДИЛ со фатва наредило во околината на градот Мосул, кој тие го контрoлираат, на сите девојчиња и жени на возраст меѓу 11 и 46 години да им се изврши обрежување на гениталиите.

Радикалните исламисти ги демантираат обвинувањата на социјалните мрежи. ИДИЛ не барал обрежување на гениталиите, се вели во пораката. Исто така обрежување на жените не е карактеристика на салафистичкиот ислам, кој го пропагира ИДИЛ.

Преку интернет се проширил повик, документот меѓутоа според гледиште на експерите личел на фалсификат. Не се исклучува дека Бедкук предупредувањето го искажала потпирајќи се на овој или на слични извори. Исто така и новинарите имаат сомневања: Тие известуваат дека нивните конткати во Ирак не слушнале ништо за наводната фатва.

Обединетите нации уште претходно ги обвинија екстремистите за тешки повреди на човековите права. Изминатите недели терористичката група освои голема територија на северот и западот на Ирак и прогласи калифат. Последно милициите протераа илјадници христијани од Мосул, вториот по големина град на земјата.