1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кубанската револуција на Обама

Автор: Астрид Пранге Превод: СН18 декември 2014

САД и Куба сакаат да воспостават дипломатски односи, по повеќе од 50 години ледено доба. Радикалната промена на курсот на претседателот Барак Обама е задоцнета, смета Астрид Пранге

https://p.dw.com/p/1E6cn
Фотографија: Chip Somodevilla/Getty Images

Kuba, my love! (Куба љубов моја) Американскиот претседател Барак Обама и испрати на Куба една сосем посебна љубовна изјава. Таа е револуционерна, колку и кубанската револуција и мировна колку и библиската Беседа на гората. Љуби ги своите непријатели, гласи пораката.

Американскиот претседател Барак Обама го изгуби стариот комунистички „непријател“, а претседателот на Куба Раул Кастро омразата кон капитализамот. Во првиот телефонски разговор меѓу двајца претседатели на овие земји од 1961 година наваму двајата шефови на држави постигнаа согласност изненадувачки бргу. Тие сакаат нивните земји повторно да воспостават дипломатски односи, кои беа замрзнати од 1961 година и да разменат амбасадори.

Само уште е прашање на време, кога ќе падне и трговското ембарго на САД против Куба, бидејќи веќе сега зборот „ембарго“ се појавува само како идеолошки фластер за политичките хардлајнери, посебно за републиканците во Конгресот на САД, кои крајот на санкиите против Куба, го сметаат за пораз на САД.

Deutsche Welle Astrid Prange De Oliveira
Астрид ПрангеФотографија: DW/P. Henriksen

Притоа „кревањето“ на ембаргото е веќе во полн ек. Од 2000 година наваму лекови како и земјоделски и прехранбени производи како пченка, жито и живина од САД од хуманитарни причини смеат да се увезуваат во Куба.

Флерт со одметничка држава

Покрај тоа од 2011 година 100 илјади Американци годишно патуваат во Куба како дел од културната и научната размена. Ограничувањата за патување на Кубанците во егзил во САД да ги посетат своите роднини на островот, истотака беа укинати. Во обезбедувањето на крајбрежјето и на границата на американската воена база во Гвантанамо, според медиумски извештаи, војските на двете земји дури и соработуваат.

Сега Обама сака да отвори „ново поглавје“ во односите со комунистичката карипска држава и Куба да ја отстрани од американската листа на т.н. одметнички држави, кои поддржуваат тероризам. Освен тоа и требало да биде во голема мерка да биде укината и забраната за патување на американски туристи на карипскиот остров.

Задоцнет ментален пад на американско-кубанскиот ѕид

Повеќе во моментов не е возможно, бидејќи за укинување на ембаргото на Обама му е потребно мнозинство во Конгресот во Вашингтон. Но, дури и ако ова се мали чекори- падот на американско-кубанскиот ѕид започна. Олеснувањето на санкциите и возобновувањето на дипломатските односи неповратно водат до крај на ембаргото.

Овој ментален пад на ѕидот е задонет, зашто блокадата е надмината и се покажа како неефикасна. Згора на тоа, нејзините поддржувачи го постигнаа токму спротивното од она што всушност го сакаа. Имено тие на комунистичките властодржци во Хавана им обезбедија едноставен изговор за економско-политичкото потфрлање. Сега старите непријатели се помирија според беседата на гората. Да живее љубовта меѓу непријателите!