1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога девојчињата одат во џихад

А.Горзевски/ А.Трајковска 23 октомври 2014

Сѐ повеќе муслимански девојчиња и млади жени од Западот се приклучуваат кон Исламската држава. Зад нивната радикална одлука се крие повеќе од желба за авантура и протест против општеството.

https://p.dw.com/p/1DaxT
Фотографија: M. Abed/AFP/Getty Images

Три ученички од САД веќе минаа половина од патот кон нивната најверојатна цел, областите каде владее Исламската држава. Но, изминатиот викенд германската полиција ги запре тинејџерките на возраст од 15 до 17 години во Франкфурт на Мајна и ги испрати назад во САД. Други девојчиња од Европа и Северна Америка меѓутоа стигнаа на нивната цел во Сирија. Меѓу илјадниците доброволци, кои пред сѐ се приклучуваат кон сунитските исламистички милиции Исламска држава, споредбено има малку жени, но нивниот број се зголемува.

Пред неколку месеци внимание привлече случајот на една 16 годишна гимназијалка од Констанц. Таа тајно преку Турција отпатувала во центар за обука во Сирија. Кетрин Браун, експерт за тероризам од лондонскиот Кингс колеџ, смета дека околу 200 жени од Европа заминале во сириската граѓанска војна. За оваа одлука имало повеќе причини. „Исламска држава нуди политичка утопија“, вели експертката во разговор со ДВ. Владеењето на ИД романтично се идеализира. Кон тоа, според гледиштето на Браун, придонесуваат и критичните политички дебати за исламот во Европа, преку кои многумина муслимани се чувствуваат изолирани.

Освен тоа желбата за авантура ги носи многуте жени и мажи во странство. Тоа се споредува со шпанската граѓанска војна пред повеќе од 75 години, Некои муслиманки сакаа свесно како жени да се ангажираат за самоименуваниот калифат. „Тие сакаат да бидат дел од нешто ново - како мајки на државата и како жени на борци“, појаснува Браун.

Syrien IS Kämpfer in Raqqa
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Жените се честопати помлади од машките приврзаници на ИД

Раководителот на покраинската Служба за заштита на уставот во Северна Рајна Вестфалија, Буркхард Фрајер проценува дека од оваа покраина отпатувале околу 25 жени. „Овие жени се многу млади, помлади од мажите. Тие се меѓу 16 и 20 години“. Речиси сите потекнувале од мигрантски семејства. Само многу малку преминале во ислам. Исто така и Фрајер гледа повеќе причини за радикализација. На овие жени и девојки честопати им недосастува признание и ориентација, проценува Фрајер, како и кај младите мажи кои се радикализираат. Кон ова се надополнуваат еден вид протестна култура и желбата за дистанцирање од сопственото семејство. „Има поединечни случаи каде жените велат, во Сирија и со превез можам многу подобро да ја живеам својата муслиманска вера отколку во Германија“, дополнува Фрајер. Притоа улога играла и романтичната замисла да се омажиш да иден маченик, кој се означува како „лав“.

Многу млади приврзанички на ИД се радикализираа преку интернет. Тие се привлечени од видеата, блоговите и информациите на Фејсбук од другите жени од областите каде владеат терористичките милиции ИД. Таму, покрај практичните совети за лишувачкиот живот во борбените области има и многу пропаганда. Строгиот салафистички ислам, кои си го припишаа младите доброволци во нивното воодушевување кон Исламската држава, на жените им допушта само малку простор за делување. Во оваа слика за светот за нив остануваат само две функции: како верна придружничка на еден борец и како мајка. Не е предвидено жените да бидат борци.

Сепак некои од жените очигледно се вмешани во насилните акти или барем се инсценираат како борци. Браун информира за една лекарка од Малезија, која во нејзиниот блог напишала: Го имам мојот стетоскоп и мојот калашников, што би можело уште да ми треба? Изминатата недела била објавена слика, на која една Французинка со појас со експлозив се претставува како атентаторка самоубиец.

Жените во ИД очигледно не учествуваат во борбите

Според проценките на Фрајер, жените не учествуваат во борбите. „Тие се ангажирани за надгледување и поддршка на мажите“, вели тој. Многу жени дури на лице место забележуваат, колку многу се ограничени. За враќање назад тогаш најчесто е предоцна.

Вакво искуство, според медиумските извештаи, имаа две млади Австријки. Тие по шест месеци во Исламската држава и брак со борци од ИД се јавиле кај пријателките, бидејќи веќе не можеле да го поднесат крвопролевањето. Притоа 16 и 17 -годишните девојки само неколку месеци претходно објавија свои фотографии, на кои целосно забрадени го презентираат своето автоматско оружје. Тие тогаш најавија дека сакаат да умрат за Алах.

Bildergalerie Alltag in Syrien unter IS Herrschaft
Во областите каде владеат ИД жените имаат малку простор за делувањеФотографија: Reuters

Спроед Браун и Фрајер, радикализацијата на жените е повеќе поврзана со политика и протест отколку со религија. Оти еден дел од нив тргнуваат на пат со многу слабо знаење за исламот, забележува експертката од Кингс колеџот. „Постојат вообичаените обраќања, црното знаме и песните во видеата. Но, тие многу малку ја толкуваат теологијата“