1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Камерон избегнува голема кавга со Брисел

Барбара Везел / Превод: ЕМФ28 ноември 2014

Наместо да ја брани ЕУ, британскиот премиер Камерон ги поткопува нејзините правила. Но и тоа нема да му помогне во неговата борба против деснопопулистичките противници на Европа, оценува Барбара Везел.

https://p.dw.com/p/1DwlQ
Фотографија: Reuters/O. Scarff

Британскиот премиер сепак сака да избегне многу голема кавга со Брисел. Пред да го одржи својот долго најавуван говор за запирање на доселувањето, тој тестираше неколку идеи. Така, Камерон прво најавуваше еден вид кочница за итни случаи, со која мигрантите од ЕУ би се спречувале да влезат уште на границите на британскиот остров. Велика Британија била едноставно преполна, социјалното ткиво напрегнато до крајни граници, уште странци не било можно да се интегрираат.

Тоа е насочено пред се‘ кон новите доселеници од Романија и Бугарија, кои од почетокот на годинава можат слободно да бараат работа во Европа. Извесен период оваа идеја се разгледуваше сосема сериозно, се‘ додека конечно Ангела Меркел не му стави крај на сето тоа - Германија нема да чепка во правото на слобода на движење, му стави таа до знаење на британскиот премиер. Со тоа стана јасно дека тој нема да ја добие очекуваната помош за таква радикална промена на европските договори.

Предлозите се дискриминаторски

Значи, сега Дејвид Камерон се обидува со една малку понепровокативна форма на дискриминација: доселениците од ЕУ би требало да бидат исклучени од одредени социјални услуги во период од 4 години, не би добивале социјални станови и детски додаток за децата кои се‘ уште се во татковината на доселеникот. Тоа би требало да важи за мигрантите кои имаат работа. Кој нема работа би требало да ја напушти земјата по шест месеци.

Barbara Wesel Porträt
Барбара Везел, автор на коментаротФотографија: Georg Matthes

Брисел на тоа реагира воздржано: британските идеи се дел од една дебата и ќе бидат внимателно разгледани, без драматизирање. Тоа е обид да се спречат нови изливи на чувства во постојаниот спор со Лондон. Сепак, јасно е дека нееднаков третман на британските работници и на работниците од ЕУ, без притоа да има посебна причина, е во принцип забранет.

Променливиот курс на Камерон

Малер за британскиот премиер по ова прашање е што го стигнуваат сопствените стратегиски грешки. На почетокот на својот мандат тој имено вети дека ќе го намали бројот на мигранти под 100.000. Тоа беше отстапка на десното крило на неговата конзервативна партија и обид да се запре подемот на десните популисти од УКИП.

Ветувањето беше бесмислено. Прво, тој не може да го одржи, а второ, британските противници на Европа го туркаат премиерот се‘ повеќе во агол, се’ едно што тој вели или прави. Навистина, последните статистички податоци за доселениците покажуваат дека на британскиот остров, привлечени од добрата економска состојба, дошле над четвртина милион луѓе, од кои речиси половината се од ЕУ. Сега Камерон има намера пред се‘ нив некако да ги заплаши. Но најавените мерки нема да послужат за таа цел, зашто многумина источноевропски работници, и да не добијат ништо од социјалната каса, најверојатно ќе се задоволни и со британската минимална плата.

Со својот став за Европа Дејвид Камерон се тетерави од една кон друга дупка по патот. Тој на Британците им вети дека ќе му даде сосема нова форма на нивниот однос со Европа. И ова далекусежно ветување нема да може да го оствари. Британските избирачи веројатно се‘ повеќе имаат чувство дека владата им дава лажни претстави по прашањето на Европа. Тоа на владата би можело да и‘ се одмазди на изборите напролет и на противниците на Европа во УКИП да им донесе нови успеси.