1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како виното од Молдавија да стигне до ЕУ?

Ј.Гочалк/ А.Трајковска 23 јули 2014

Источноевропска земја Молдавија сака политички и економски да се приближи до Европската унија. Тоа на Русија во моментов воопшто не ѝ се допаѓа. Тоа се одразува и во трговијата со виното.

https://p.dw.com/p/1CZN5
Фотографија: picture alliance/Robert B. Fishman, ecomedia

Оваа винска визба е долга речиси 60 километри. Порано овде се црпеше варовник.

Тука долу сите ја викаат Дона Марија. Повеќе од 30 години таа е раководител на производството. Таа го познава подземниот лавиринт, знае каде e складиранo виното од која било берба. Секое шише вино за неа е нешто живо.

„Виното е како човек. Младото вино е како мало дете кое постојано трча и е немирно“, вели Марија Бабеи од винската визба Милешти Мичи (на насловната фотографија).

Тоа е зрело дури по децении. Тогаш се вртат шишињата, за да се распредели насобраниот квасец. Годишно на овој начин се обработуваат речиси еден милион шишиња.

Се испорачува и прашината. Тоа го ценат руските клиенти. Меѓутоа со приближувањето на земјата до ЕУ Москва го бојкотира увозот на вино. Истовремено недоставуваат клиенти од ЕУ. Русија беше сигурен извор на приходи.

„Сега имаме поголеми слободи, тоа значи мораме самите да ги бараме муштериите. Порано исто така не беше лошо, тогаш парите со сигурност доаѓаа. Имавме утврдени цени, тука немаше промени. Сега мораме сѐ самите да пресметуваме. Цената се утврдува според правилата на слободниот пазар“, вели Марија Бабаи.

Диселдорф на Рајна. Жак Еон интензивно се ангажираше да пласира вино на германскиот пазар. Тој извесен период по налог на ЕУ таму беше маркетинг советник. Тој со 280 филијали е еден од најголемите трговци со вино во Германија. Меѓутоа во неговите продавници за вино нема ниту едно единствено шише од Република Молдавија.

Виното сѐ уште има имиџ на вино за масата, со премногу алкохол, преслатко и за квалитетот прескапо.

Вински шишиња со прашина не се продажен аргумент. „Тие имаат фантазија, стари винарии каде долго лежи виното. Денес мора да се знае дека две-третини од производството на вино во светот се пие максимално во рок од три години“, вели винскиот трговец Еон.

Винарите во Република Молдавија не го погаѓаат вкусот на Западна Европа. Притоа виното е важен извозен производ на земјата.

Ако Република Молдавија сака економски да застане на нозе, мора да успее извозот на вино во ЕУ. За да се подобрат шансите на пазарот Дона Марија одгледува сѐ повеќе сорти од Франција и од Германија. Овде ризлинг расте покрај мерло.

Исто така и садовите за ферментација се нови. Со нови сорти винови лози, нова техника и со уште поголем избор таа сака да ги придобие клиентите во ЕУ.

„Нашиот шампањ не е полош од францускиот, тоа веќе ни го потврдија француски винари кои беа овде на посета. Тие беа вистински изненадени од нашиот шампањ, бидејќи е квалтитетен и вкусен“, вели Марија Бабеи.

Таа не сака да се откаже од продажбата на црвено вино. Но за тоа сѐ уште недостасува продажен концепт за Западна Европа.