1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Источното партнерство на ЕУ без преголеми амбиции

Михаил Бушуев/сн21 мај 2015

Самитот на Источното партнерство во Рига ќе разочара некои од најактивните земји кои учествуваат во оваа програма на Европската унија. Брисел не е подготвен на чекори на кои некои се надеваа, посебно во Киев и Тбилиси.

https://p.dw.com/p/1FTW4
Објектот за самитот на Источното партнерство во Рига
Фотографија: DW/B. Riegert

Украина и Грузија имаат најголеми очекувања од Самитот за источното партнерство, кој ќе се одржи денеска и утре, 21 и 22 мај, во Рига, главниот град на Летонија. На самитот ќе учествуваат и Азербејџан, Ерменија, Белорусија и Молдавија, Оваа програма на Европската унија ги промовира политичките, економските и општествените односи со партнерските земји и ги поддржува нивните општествено-економски реформи. Брисел сака да приближи до Унијата шест поранешни советски републики-ама не и да ги прими во членство.

Несомнено дека кризата во Украина е доминантна тема. Украинскиот амбасадор во ЕУ, Константин Јелисејев, изјави дека состанокот во Рига ќе покаже „дали се извлечени вистински поуки од минатото и случувањата од минатата година“. Ама, со оглед на тоа дека Брисел сака да му сугерира на Кремљ дека Источното партнерство не е насочено против Русија, во Рига не треба да се очекуваат остри изјави на ЕУ на сметка на Москва.

Покрај тоа Европската унија, јасно стави до знаење : иако Украина се стреми кон пристапување во Европската унија, во блиска иднина не може да смета на натамошно приближување, односно на нешто повеќе од потпишаниот Договор за асоцијација и слободна трговија. Киев во Рига може само да се надева на позитивна оценка во напорите да биде укинат визниот режим. Украина исполни 10 од 15 критериуми на ЕУ, кои се неопходни за тоа, нагласи Јелисејев. Според него, визите наскоро би можеле да бидат укинати, ама познавачите на состојбите сепак не очекуваат дека тоа би можело да се случи годинава.

Грузија ќе мора да сочека, Молдавија напредува

Грузија смета дека ги исполнила сите услови на Унијата за укинување на визниот режим и притоа се повикува на извештајот на Европската комисија за напредокот на реформите. Грузија истотака изрази надеж дека самитот во Рига ќе и понуди „европска перспектива“. Но од прелиминарните, завршни документи на самитот произлегува дека е малку веројатно дека до тоа наскоро ќе дојде. Набљудувачите во Тбилиси веруваат дека Грузија станала „жртва на сопствената солидарност“ и оти безвизниот режим за ЕУ ќе го добие само заедно со Украина.

Република Молдавија, која како и Грузија и Украина, потпиша со ЕУ, Договор за асоцијација, би можела за разлика од овие две земји, да добие олеснувања на визниот режим со ЕУ.

Karte Östliche Partnerschaft der EU
Земјите од ЕУ (зелена боја) и земјите од Источното партнерство ( темно сива боја)Фотографија: DW

Нема договори со Ереван и Баку

Ерменија има нејасни очекувања од самитот. Набљудувачите во оваа земја сметаат дека Ерменија во Рига ќе нагласи дека и покрај соработката со Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), е завртена и кон ЕУ, и оти постојат области на соработка со Унијата кои се компатибилни со членството во ЕАЕУ која ја покрена Русија. Веќе договорениот Договор за асоцијација и слободна трговија меѓу ЕУ и Ерменија не е потпишан бидејќи Ереван најави дека ќе се приклучи кон ЕАЕУ, а членството во таа церинска унија не е компатибилно со договорот со ЕУ.

НИ Баку нема никакви посебни очекувања од самитот. Азербејџан со олеснување ја прими пораката дека ЕУ сака да го промени концептот за шесет држави и Источното партнерство да го конципира повеќе индивидуално. Баку уште во 2013 година соопшти дека не сака да го потпише Договорот за асоцијација со ЕУ и нагласи оти преферира поединечни договори, како што е да речеме договорот за енергетска соработка.

Очекувањата на Белорусија

Големи очекувања нема ниту Белуросија. Посматрачите во Минск сметаат дека Белорусија има за цел продлабочување на економската соработка со ЕУ, без желба да се промени постоечката структура на нејзините надворешно-политички односи. ЕУ преговорите со Минск ги услови со прекин на репресијата и ослободување на политичките затвореници во таа земја. Европската унија, од една страна, воведе санкции против некои одговорни претставници на режимот, а од другастрана, пружа поддршка на граѓанскиот секторна Белорусија. Посматрачите сметаат дека зад кулисите на самитот би можело да стане збор барем за делумно укинување на санкциите на Европската унија против Белорусија.