1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историска шанса за Шкотска

Даниел Шешкевиц; Превод: Александар Методијев17 септември 2014

Утре (четврток, 18.09.2014) околу четири милиони Шкотланѓани ќе можат да гласаат за независност на земјата. Културната и политичка разноликост на Шкотланѓаните го оправдува експериментот, смета Даниел Шешкевиц.

https://p.dw.com/p/1DDXi
Фотографија: Getty Images

Долги години, за многу луѓе во Германија и Средна Европа, Шкотска важеше за далечен регион високо на северот на Британија, кој во јазична смисла се поистоветува со Англија. Добро, се знае дека таму многу врне, дека шкотските мажи со задоволство носат здолниште, бијат виски и дека нивната скржавост им е смешна на другите луѓе. Но, Шкотска до 1707 година, значи низ многу векови, си беше горда, независна нација, што нејзината понова историја во Обединетото Кралство го потисна од свеста на другите народи во Европа.

Тоа е сега завршено. Шкотска се врати на атласот на Европа со референдумот за својата државна независност. Велика Британија, државна конструкција од 18-от век, од своја страна би можела со досега несогледливи политички и економски консеквенции да западне во историска епизода. Ако имено мнозинството од жителите на Шкотска над 16 години в четврток кажат ДА за независноста. Дали ова би било чекор назад? Историско романтичарски анахронизам и навраќање на малите држа во во модерна Европа без граници? Јас мислам: Не!

Шкотска отсекогаш беше поинаква

Шкотска отсекогаш беше поинаква во однос на нејзиниот јужен сосед Англија. Тоа го препознаа и Римјаните. Не без причина римскиот крал Хадриан во вториот век од нашата ера подигна ѕид и насип на границата со келтските Пикти на Северот. И во следните векови Келтите на Северот и Норманите и Англосаксонците на југот водеа војна, во која шкотските воини секогаш знаеа да го заштитат своето кралство.

DW Deutschland REGIONEN Daniel Scheschkewitz
Даниел Шешкевиц, автор на коментаротФотографија: DW

Дури по унијата на кралските фамилии во 1603 година и несреќниот обид на Шкотланѓаните со едно источноиндиско друштво да ја постави основата за една сопствена трговска империја, во 1707 година беше изгласана принудна парламентарна унија со Англија. Со тоа беше поставена основата за издигнување на Британија во светска сила. Шкотланѓаните и Англичаните, поврзани со богатиот со јаглен Велс, тогаш создадоа глобалено уникатно мноштво на ресурси, што кралскиот остров го донесе на светската сцена на политичката моќ и донесе благосостојба за многу луѓе.

Културните и политички разлики испливаа на површина дури во втората половина на 20 век, и тоа со сета сила.

На унијата со Англија и’ истече времето

Маргарет Тачер ја деиндустријализираше Британија и го санираше руинираниот буџет со црното злато од нафтените полиља на Шкотска во Северното Море. Шкотланѓаните на почеток тоа го дозволија, но потоа забележаа дека во нивниот „главен град“ на нафтата - Абердин, на кој всушност мораше да се гледа како на шкотски Абу Даби, големи делови од населението живеат во сиромаштија и мизерија, па се појави нивниот сомнеж. Сомнежот почна да се засилува кога Конзервативната партија на Тачер го доби мандатот од британскиот парламент.

Поради тоа што Шкотска беше лишена од политичко влијание и од своите економски можности, во земјата почна да расте влијанието на националистите. Во 90-ите години тие успеаја да го одземат регионалниот парламент од Лондон, во кој оттогаш си избираат влада.

Ренесансата на Шкотска

Schottland Unabhängigkeitsbewegung Sezession No
Фотографија: Reuters/Cathal McNaughton

Шкотска со децении нема доживеано културна ренесанса. Единбуршкиот културен фестивал важи за една од надобро посетените и најиновативните културни средби во светот. Шкотската музика ужива широка популарност ширум светот. Шкотските универзитети се отворени за студентите од целиот свет и се без партиципација.

Додека во Англија образованието се’ повеќе и повеќе станува привилегија за богатите и се’ повеќе приватни училилишта никнуваат од земја, во Шкотска високото образование останува достапно за сите луѓе. Космополитска Шкотска привлекува многу високообразовани доселеници. Партијата за независност на Обединетото Кралство тука е бесмислена, додека нејзината ксенофобијата и растечкиот изолационизам и го зголемуваат изборниот успех во Англија.

Збогатување за ЕУ

Независна Шкотска ќе бара итно членство во ЕУ и нема да се изолира. За разлика од тоа, британскиот премиер Дејвид Камерон најави референдум во 2017 година за излез на Велика Британија од ЕУ. Тој би можел да дојде предоцна. Бројките се 50-50 дека Шкотска в четврток ќе ја зграби историската шанса за со еден демократски и мирен акт да си ја врати националната независност. Шкотланѓаните не треба да бидат загрижени во економска смисла. И покрај ограничените резерви на нафта, шкотската држава со енормните ресурси на обновлива енергија ќе спаѓа меѓу 20-те економски најсилни земји во светот. Европа од тоа може само да профитира.