1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран: Новите санкции од САД ги поткупуваат мерките за градење доверба

СН/емф/дпа/миа/ртр30 август 2014

Новите санкции на САД во спорот околу иранската атомска програма, според државното раководство во Техеран, само натамошно ќе ја засилат недовербата меѓу двете земји.

https://p.dw.com/p/1D48A
Фотографија: ISNA

Иранскиот претседател Хасан Рохани новите санкции од страна на САД ги нарече „инвазија“, откако Вашингтон санкционира 25 фирми, банки и физички лица.

Рохани денеска (30.08) изјави дека „санкциите се инвазија врз иранската нација. Треба да се спротивставиме на ова инвазија и агресорите да ги ставиме на местото што им припаѓа“.

Неговите коментари директно беа пренесувани на државната телевизија.

Новите санкции на САД во спорот околу иранската атомска програма, според Рохани, само натамошно ќе ја засилат недовербата меѓу двете земји. „Тоа не е во согласност со климата на преговори и со санкциите се поткопуваат мерките за градење на доверба“, истакна иранскиот претседател

САД вчера воведоа санкции врз повеќе од 25 фирми, банки и физички лица, за кои има сомневање дека работат за проширувањето на иранската нуклеарна програма, го поддржуваат тероризмот и му помагаат на Иран да ги избегне американските и меѓународните санкции.