1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел ги запре мировните преговори со Палестинците

ЕМФ/ртр/афп24 април 2014

Блискоисточниот мировен процес е на работ на пропаст. Израелската влада донесе одлука да ги прекине мировните преговори со Палестинците.

https://p.dw.com/p/1Bo4c
Фотографија: picture-alliance/dpa

Одлуката на Владата е донесена по шестчасовна маратонска седница, јавуваат израелските медиуми. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во меѓувреме ја потврди информацијата за прекин на преговорите со Палестинците, а како образложение го наведува Договорот на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) за помирување со исламистичкото движење Хамас, кој предвидува учество на Хамас во идната влада на Палестинците.

Нетанјаху уште во текот на претходните денови го предупредуваше претседателот на Палестинците Махмуд Абас (на фотографијата заедно со Нетанјаху) дека тој мора да се одлучи меѓу мир со Хамас и мир со Израел. И САД вчера се заканија дека ќе ја преиспитаат натамошната помош за Палестинците доколку Хамас навистина стане дел од владата. Инаку, составувањето на владата е најавено за наредните нeдели.

Хамас во својот основачки документ повикува на уништување на еврејската држава. Освен тоа, од Појасот Газа, каде владеат исламистите, постојано се исфрлаат ракети во насока кон Израел.