1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ИД ги распламтува меѓуверските судири во Ирак

Биргит Свенсон/сн21 мај 2015

Во борбата за Анбар, ИД ја контролира речиси цела оваа провинција западно од Багдад. Ирачкиот премиер Абади нареди засилен ангажман на шиитските милиции во провинцијата, претежно населена со сунити.

https://p.dw.com/p/1FT19
Фотографија: picture-alliance/dpa

Улицата на маслинките“ во Абу Граиб е празна. само пред зградата на Факултетот за земјоделство, кој му припаѓа на Багдадскиот универзитет, може да се види понекој студент. Покрај неа се наоѓа фабрика која некогаш беше најголем погон за производство на млеко во Ирак. Сега тука веќе нема никого. Жителите тука се плашат од терористичката организација Исламска држава, чии припадници воспоставија контрола на територијата меѓу реките Тигар и Еуфрат и тука прогласија сопствена држава.

„Не е тоа поради ИД“, објаснува еден униформиран човек на контролниот пункт зошто тука не можат да се видат никакви минувачи. Тој покажува на небото, Сонцето е во зенитот а температурата е 40 степени. Абу Граиб првиот град на кој се наидува во провинцијата Анбар кога од Багдад се вози на запад. Повеќепати го напаѓаа борци на ИД. Фалуџа уште од почетокот на 2014. е во рацете на терористите. Пред два дена, тие покренаа и офанзива со цел да го освојат и главниот град на провинцијата - Рамади

Irak Kämfe in Falludscha
Фотографија: picture alliance/landov

Шиитски борци во сунитската провинција

Оној кој сака да дојде до генералот Али Абдул Хусеин Кадим мора да помине вкупно 11 контролни пунктови- иако неговиот штаб се наоѓа само на 50 километри од Багдад. Уште 30 километри понатаму и се стигнува во Рамади. Таму веќе неколку дена на палатата на гувернерот се вее црното знаме на Исламската држава. Изгледа дека припадниците на ИД сакаат да се одмаздат за тоа што на крајот на март беа протерани од Тикрит. Главниот град на провинцијата Салахудин.

Најголемата ирачка провинција сега е големо упориште на ИД, која контролира 90 насто од нејзината територија. само Абу Граиб е поштеден. Во понеделникот (18.5.) премиерот на Ирак, Хајдер ал Абади издаде наредба шиитските борци да се испратат во борба за Рамади. На контролините пунктови заедно стојат шиити и сунити, што порано беше незамисливо. За време на владеењето на поранешниот премиер Нури ал Малики, сунитите беа исклучени од политичкиот процес. Нивните протести и барања беа игнорирани. Така сунитите во Анбар на крајот се поврза со борците на ИД во борба против заедничкиот непријател- владата во Багдад.

Ама сега ситуацијата е толку сериозна, што новиот премиер сака да ги искористи сите расположиве сили. Тој е свесен колку ситуацијата е чувствителна. . За повторно да не се распламтат судири меѓу сунитите и шиитите , во Абу Граиб и на други места во провинцијата Анбар се поставени плакати кои му укажуваат на сунитското население на присуството на шиитски борци. „Им служиме на сите Ирачани“, порачуваат шиитските свештеници, големиот ајатолах Али ал Систани и Сахед Амар ал Хаким. И премиерот Абади прави сѐ за да спречи ескалација на ситуацијата. Кога во минатат недела членовите на една шиитска паравоена група подметнаа пожар во багдадслата сунитска населба Адамија, шиитскиот премиер веднаш отиде таму за лично да си смири духовите. Меѓу 2006. и 2008. година пред сѐ во главниот фрад на Ирак, имаше крвави судири меѓу двете верски групи- тоа беше вистинска граѓанска војна. Илјадници луѓе се убиени, стотици илјади избегаа. Сега членовите на ИД се обидуваат да го заживеат стариот судир и шиитите ги нарекуваат неверници кои треба да се убијат.

Irak Krieg gegen den IS in Falludscha
Фотографија: DW/B. Svensson

Али Абдул Хусеин кадим, командува со единцицата Ал Мутана, една од петте бригади, распоредени околу Багдад. Тој има најтешка задача од сите бранители на престолнината. Подрачјето за кое е одговорен се простира од предградијата на Багдад до Герма, предградие на Фалуџа, кое ја пресекува линијата на фронтот со единиците на ИД. Неговиот претходник загина во борба. кадим смета дека војните акции на ИД, професионално погледната се доста слаби. Додава дека најсилно оружје на противникот е пропагандата. Поради неа, вели, постојано има војници кои ја напуштаат регуларната ирачка војска.

Потценувањето на непријателот е тактика која го јакне моралот на војниците. Бидејќи се проценува дека досега дезертирале веќе половина од војниците на ирачката армија- што може да се види и по бројноста на Кадимовите сили. Во неговата бригата има 2462 војници од регуларната војска и 3186 шиитски доброволцикои сакаат да се борат против сунитската терористичка организација. Иако генералот нагласува дека меѓу војниците има и сунити и шиити, во бригадата во огромно мнозинство се шиитите.