1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто многу семејства за Божик си се ставаат под притисок?

Ања Фенле/СН25 декември 2014

Мирно и хармонично, така би требало да биде во семејствата за Божик. Но, кавгите се вообичаени токму за време на празникот на љубовта. Прочуениот германски психијатар Манфред Лиц открива како да се избегне тоа.

https://p.dw.com/p/1EA1o
Фотографија: Fotolia/Robert Kneschke

ДВ: Што мислите за тоа дека Божик се слави исклучиво во кругот на семејството?

Манфред Лиц: Мене тоа семејно собирање за Божиќ во меѓувреме ми изгледа проблематично. Од христијанска перспектива е поинаку замислено. Во германската покраина Тирингија на пример, е вообичаено на божиќната трпеза секогаш да се остави едно празно место, бидејќи би можел да дојде Исус. И затоа ние христијаните навистина би требало да ја смениме нашата традиција и да поканиме луѓе кои се осамени, кои се во неволја и кои живееат на маргините на општеството, како што вели папата Франциско. И така би можеле Божиќ повторно да го направиме христијански.

Зошто семејниот живот е потенцијално толку експлозивен?

За жал, семејствата сами си го отежнуваат животот така што се обидуваат да бидат идеални за Божик. Се преправаат дека се сите заедно, оти се сакаат и тогаш сфаќаат дека нивниот семеен живот воопшто не е толку убав и носталгичен како што бил некогаш. Ние во псхијатријата сме често соочени со такви „резултати“ од Божик. Некои луѓе се длабоко потресени, бидејќи празниците не биле идеални, онака како што си ги замислиле. Ете и поради тоа е добро да поканите други луѓе на Божик во вашиот дом: осамени, азиланти, итн. Тоа не е едноставно, од една страна, но со непознати на маса, семејството веднаш се однесува поинаку и поопуштено. Пред сè, го нема она меѓусебно боцкање во семејството.

Manfred Lütz katholischer Theologe
Манфред ЛицФотографија: picture-alliance/dpa

Дали имате уште некој совет?

Јас се залагам за тоа за време на Божиќ во семејството да се согледаат и добрите работи, а не само лошите. Пол Вацлавик на оваа тема ја напиша книгата „За доброто во лошото“. Секако, секогаш постојат членови во семејството кои не ги сакаме. Но, може ќе биде возбудливо да се прашате: што е добро во тоа што тоа лице постои? Постојат, на пример, некои тетки или чичковци кои никој не ги поднесува. Во тој случај, добро е тоа што цело семејство го озборува тој член, па тој така ги стабилизира сите односи. И мој предлог би бил да му се заблагодари на тој член на семејството на Божиќ, бидејќи на семејството му дава можност да се почуствува како заедница.

Како Вие го прославувате Божиќ ?

Мојата сопруга знае многу азиланти во нашето село, секој кој сака е поканет да слави со нас. Тоа го правиме во последните 2-3 години и јас искрено можам да кажам дека Божик е многу поубав од порано. Тоа го поттикнува семејството на други разговори. Минатата година имавме, на пример, египетски Копти, кои биле прогонувани во својата земја. Нивните предци многу порано го примиле христијанството, отколку нашите тука во германските шуми.

Манфред Лиц е теолог, психијатар и автор на бројни бестселери.