1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Златна палма“ за драмата за бегалците

Антје Биндер25 мај 2015

„Златната палма“ на фестивалот во Кан ја освои француската драма „Дипан“ - приказна за тројца луѓе од Шри Ланка кои во Париз доаѓаат како бегалци и претставувајќи се како семејство се обидуваат да започнат нов живот.

https://p.dw.com/p/1FW8f
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance

Францускиот режисер Жак Одијар е победник и изненадување на овогодинешниот фестивал во Кан. Добитник е на „Златна палма“ за драмата за бегалците „Дипан“.

Неговиот филм ја раскажува приказната на поранешниот тамилски борец Дипан. За да се извлече од граѓанската војна во Шри Ланка тој заминува во Франција со една млада жена и девојче без родители, тврдејќи дека тие се неговото семејство.

Во Париз се обидуваат да започнат нов живот. Бризантен портрет на тројца бегалци - впечатливо и без лажен патос.

Наградата за најдобар актер во Кан му беше доделена на Французинот Венсон Линдон. Во социјалната драма „Ла лој ди Марше“ тој ја игра улогата на невработениот татко Тјери. Тој добива работа во супермаркет, но таму покрај крадците мора да ги надгледува и касиерките. Филм за стремежот за профит и моралот.

Наградата за најдобра женска улога во Кан ја поделија две актерки - Французинката Емануел Берко за улогата на адвокатка во брачната драма „Мој крал“ и американската актерка Руни Мара. Во драмата „Керол“ таа игра едноставна девојка која во 50-тите години на минатиот век во Америка се вљубува во угледна дама. Филм за страста на две жени кои не можат да бидат поразлични.

„Златна палма“ за драмата за бегалците