1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заканата од Исламската држава ги зближува некогашните непријатели?

Џумал Ала/ Симе Недевски31 август 2014

Регионалните непријателства и разликите во ставовите се занемарувааат поради борбата против терористите од „Исламската држава“. Воените операции на САД во северен Ирак ги благословија и Саудиска Арабија и Иран.

https://p.dw.com/p/1D476
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Промените во политичкиот пејзаж во арапскиот регион создаваат потреба за нови сојузи. Само така може да се разбере положбата на Иран кој сака да ги поддржи курдските пешмерга-борци. Дури и воената интервенција на САД во северен Ирак, иако тоа не е официјално кажано, од страна на Иран изгледа дека е одобрена.

Многу поневообичаено е тоа што Саудиска Арабија е подготвена, со својот најголем непријател Иран, да влезе во борба против Исламската држава. Но и партнерите во Ријад и Вашингтон во последно време немаа секогаш исто мислење. На пример, додека Саудиска Арабија соборувањето од власт на египетскиот председател Мохамед Мурси го нарече „воен удар“, САД ја поддржаа промената на власта во Египет. Саудиска Арабија со донација од 100 милиони американски долари сега ги поддржува заедничките меѓународни напори во борба против Исламска држава.

Досега невиден феномен“

Peschmerga Kämpfer bei Mossul-Damm 17.08.2014
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Абдел Бари Атван, онлајн издавач на весникот „Рајалиум“, кој излегува од печат во Лондон, во разговорот за ДВ истакнува: „Исламската држава во тој регион предизвика страв и ужаснатост од теророт. Покрај тоа, сведоци сме и на феномен кој досега се нема случено. Земјите во регионот ги занемаруваат меѓусебните разлики за заедно да се спротивстават на оваа организација. Исламската држава своите борци ги регрутира во, но и навор од исламските земји.“ Овој новинар додава и дека: „Исламиската држава егзистира во срцето на арапскиот свет, а не на неговиот раб, како што беше случај со Ал Каеда. Оваа организација доаѓа до оружје благодарејќи на милионите долари кои ги зема од банките во областите кои самата ги контролира.“

Со ваквите оценки се согласува и д-р Али Алавши, експерт за тероризам и директор на Центарот за студии за јужен Ирак во Лондон: „Исламската држава претставува опасност за целиот свет. Не е исклучена ни иранската интервенција во Ирак и Сирија против екстремистите. Иран нема немо да гледа како му се приближува опасност. Техеран би можел да примени многу во својата стратегија и да престане со поддршката за одредени партии и директно да испрати свои сили во овие две земји.“

Бескорисен план?

Во разговорот за ДВ Алавши го критикува планот на Советот за безбедност на ОН, кој предвидува финансиско слабеење на Исламската држава. Тој овој план го опишува како „бескорисен“. Советот на безбедност на ОН изминатите недели усвои санкции против оние кои ја поддржуваат Исламската држава. Во Резолуцијата станува збор за спречување на финансирањето на екстремистите и регрутирањето нови борци. Освен тоа, за 6 лица од Кувајт, Саудиска Арабија и други земји, кои се сметаат за помагачи и финансиери на терористите, е побарана забрана за патување и блокирање на нивните сметки.

Алавши објаснува дека Исламска држава нема државна структура и оти станува збор за банди кои ги збиваат своите редови. Исламска држава не поседува банки, во кои може да ги депонира своите пари, како ни недвижности ниту пак друга јавна сопственост. Поради тоа оваа Резолуција е „бескорисна и неспроведлива“. Тој блокирањето на сметките и забраната за патување за шесте лица ги карактеризира како „театар“, при што самопрогласениот калиф Абу Бакр ал-Багдади и останатите лидер на организации не се наоѓаат на списокот.

IS Kämpfer in Syrien 27.08.2014 Militärflughafen Tabka
Фотографија: picture alliance/AP Photo

Светот се обединува во борбата против екстремизмот

Издавачот на весникот „Рајалиум“ Абдел Бари Атан пак смета: „Иако овие мерки изгледаат слаби, тие се почеток на натамошен подолг список на останати мерки. Тие имаат висока морална сила во борба против екстермизмот и покажуваат дека светот со заеднички сили се бори против екстремизмот, и оти секој допир, и економски, со оваа терористичка група се криминализира.“ Пред се’ е ова важно затоа што Исламската држава во изминатите недели зазема повеќе важни нафтени полиња во Ирак и сега може да продава нафта за да ја финансира набавката на ново вооружување.

Во изминатите 6 месеци се изменија приоритетите на САД. Борбата против Исламската држава во Ирак и во Сирија стана најважна, а соборувањето од власт на Асадовиот режим во моментов е во втор план. Тоа пак се одразува и врз состојбата во Сирија, вели Атван. Ривалските движења, Исламски фронт, Слободна армија и муџахединската армија, во меѓувреме се обединија во борба против заедничкиот непријател - Исламската држава.

Според експерите, во светот се формира премолчена алијанска против Исламската држава, во која се Иран, Ирак, Саудиска Арабија и Западот.

Абдел Бари Атван заклучува: „Во блиска иднина не е исклучено да видиме како иранските и ирачките војници се борат рамо до рамо, во рамките на британско-американска воена операција. Првите индикации на таква операција се видливи токму во Ирак во борбите на курдските пешмерга-борци против Исламската држава.“