1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев го обвини Груевски дека зел мито од 1,5 милиони евра

БГ/макфакс/либертас/нова16 април 2014

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев денеска на прес-конференција обелодени документи кои, според него, докажуваат дека актуелниот премиер Груевски примил мито од 1,5 милиони евра.

https://p.dw.com/p/1BjeN
Фотографија: MIA

„Никола Груевски лично ја продал Македонска банка АД Скопје, на контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ, познат како газда Нини, преку четири офшор и две домашни компании коишто официјално поседувале 51 процент од акциите во Македонска банка“, обвини на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Според Заев, официјалната сума на продажбата била преку 50 милиони денари или приближно 900 илјади евра, но Груевски, тврди тој, договорил и добил во кеш дополнителна сума од 1,5 милиони евра за продажбата на банката.

„Во јануари 2004–та официјалните средства од преку 50 милиони денари или приближно 900 илјади евра, легнуваат на банкарските сметки на шесте фирми акционери. Потоа во рок од 4 месеци, најголемиот дел од овие пари се повлечени во кеш, по налог на Никола Груевски. И за ова имаме докази“, изјави Заев.

Претседателот на СДСМ тврди дека на тој начин директно е оштетен буџетот на Република Македонија за сума од над 225.000 евра по основ на неплатен данок на добивка.

„Зошто Македонска банка отиде во ликвидација во 2007 година, време во кое Груевски е премиер на Република Македонија? Дали ова беше обид за прикривање на трагите од овој криминал?“, праша Заев на прес-конференцијата и го повика Груевски лично да одговори на обвинувањата.

Заев вчера на прес-конференција најави дека ќе го обелодени јавно скандалот, а од ВМРО-ДПМНЕ му одговорија дека неговото однесување е „класичен кукавичлук и е катастрофален обид да го покрие изборниот срам што му се случи во неделата“.