1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За нас

дв10 септември 2014

Македонската редакција на Дојче веле работи паралелно на два медиума - интернет и телевизија. Нашиот тим е мал, но компактен.

https://p.dw.com/p/1D9ms
Фотографија: DW/P. Henriksen

Покрај интернет понудата и присуството со свои прилози на социјалните мрежи, секојдневно адаптираме и видео прилози од понудата на ДВ ТВ.

Во ТВ магазинот на Дојче веле, „Европа во фокусот“ ги анализираме случувањата во Европа на политички, стопански, социјален и културен план. Нашите репортери истражуваат како живеат Европејците, како размислуваат и какво влијание имаат врз континентот и врз ЕУ. Истовремено, бараме одговор на прашањето во кој правец се движи Европа, а ја следиме и европската интеграција на Западен Балкан, дипломатските напори во решавањето на споровите и проблемите кои го мачат големото европско семејство. Почувствувајте го со нас пулсот на стариот континент!

ТВ - Магазинот „Европа во фокусот“ премиерно се емитува во недела на програмата на ТВ Алфа во Македонија. Телевизискиот магазин, се разбира, можете да го најдете и погледате и на нашата интернет-страница www.dw.de/macedonian