1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За домати, стариот кандидат и новата демократија - Тунис избира претседател

Сара Мерш/ А.Трајковска23 ноември 2014

Во Тунис денеска (23.11) се одржуваат претседателски избори на кои учествуваат 21 кандидати. Втор круг на избори се смета за извесен.

https://p.dw.com/p/1Drnk
Фотографија: DW/S. Mersch

Возбудено толпата луѓе ги вее знаменцата и држи плакати во воздухот со лицето на еден постар господин. Кратко потоа кога тој застана на бината во спортската палата во Тунис се слуша восклик. Беџи Каид Есебси идната недела ќе наполни 88 години - тој е најстариот кандидат на овие избори и еден од оние кои имаат најголеми шанси, да бидат првиот слободно избран претседател во младата демократија. Тој нема да го преживее петгодишнот мандат, се шегуваат неговите противници - но Есебси на своите настапи има одговор за злите јазици: „Постојано раскажувате дека сум бил во болница, или дури дека сум починал“. Но, тој бил тука и се чувствувал изворедно. „Дали случајно треба да се соблечам?“. Толпата се смее. Уште неколку реченици на сметка на опозиција и две анегдоти и настапот на Есебси заврши, а посетителите се воодушевени.

Неговите приврзаници се надеваат дека основачот на секуларната партија Нидаа Тунес, која освои најмногу гласови на парламентарните избори, ќе го извлече Тунис од кризата. Тој има политичко искуство и добри врски во странство, затоа е вистинскиот човек за претседателската палата, смета еден учесник на изборната манифестација, оти само тој може да го заузда тероризмот „оти за тоа е потребна силна рака“.

Оваа силна рака би можела да биде прејака, стравуваат противниците на Есебси, оти во неговата партија Нидаа Тунес покрај синдикалците и социјалдемократите се застапени и членови на стариот режим. Претседателскиот кандидат самиот беше министер за време на двајцата поранешни претседатели Хабиб Бургиба и Зине Ал Абедин Бен Али. Меѓутоа загриженоста од повторно самовладеење е неоснована, смета Ахмед кој денеска сака да го даде својот глас за Есебси. „Не се плашиме од доминација на една партија. Народот не молчи повеќе. Доколку самиот сака да владее, ќе го протераме“.

Beji Caid Essebsi Parteivorsiztender von Nidaa Tounes 17.11.2014 Kampagne in Beja
Човек со минато: Беџи Каид Есебси беше министер за време на диктаторот Бен АлиФотографија: Reuters/Z. Souissi

Кој ќе оди понатаму?

Покрај Есебси од првично 27 сега има уште 21 кандидати за претседател. Меѓу нив и единствената жена, судијката Калтум Кану. Таа, како и повеќето други кандидати, има минимални шанси, но двајца или тројца од нив можат да бидат сериозна конкуренција за Есебси. Сѐ друго освен втор круг избори на крајот на декември би било изненадување.

Најсилен конкурент на Есебси е актуелниот преоден претседател Монсеф Марзуки. Неговата партија Конгрес за републиката на парламентарните избори освои само четири места, меѓутоа многумина приврзаници на исламистичката Енада партија, која нема свој кандидат, ќе се одлучат за Марзуки. А тонот меѓу двајцата е остар: „Кога денес гледам како се враќа старата машинерија, тогаш се прашувам како овие луѓе сакаат да изградат демократија? Тие ќе ја бранат слободата?“ прашува Марзуки пред своите прврзаници - „Не“ одговараат тие во еден глас. Фати, кој наскоро треба да оди во пензија стравува за иднината на своите деца, ако се врати стариот кадар: „Тоа е пуч против револуцијата, диктатурата се враќа!“

Präsidentenwahl in Tunesien 2014 Marzouki
Неговата задача не била до крај исполнета, затоа Марзуки сака да стане претседателФотографија: DW/S. Mersch

Додека Марзуки и Есебси главно меѓусебно жестоко се напаѓаа во изборната кампања, другите кандидати сакаат да поентираат со сосема конкретни работи и се надеваат дека така ќе влезат во вториот круг на изборите. Најмалку двајца од нив имаат шанси. Бизнисменот милионер Слим Риахи, претседател на еден од најважните фудбалски клубови во Тунис сака да им се обрати на младите избирачи. Другиот кандидат пак, левичарот Хама Хамами сака да ги придобие избирачите кои се скептични во однос на економската либерална политика на актуелната влада и зависноста од странство. „Луѓето се шегуваат оти зборувам за домати и кромид“, се смее Хамами, но растечките животни трошоци, економските проблеми и невработеноста биле темите кои навистина ги интересираат избирачите. Да се биде муслиман, е убаво и добро, но мора да може да се плати храната и сметките за струја, појаснува 62- годишникот, кој како опозиционер под Бургуба и Бен Али поголемиот дел од својот живот го мина во илегала или во затвор.

Präsidentenwahl in Tunesien 2014 Hamma Hammami
Хамами се надева на изненадување и учество во вториот кругФотографија: DW/S. Mersch

Да се применува уставот

Идниот претседател, иако има ограничено поле на делување, треба да го надгледува почитувањето на новиот устав усвоен во јануари 2014 година. Неговата конкретна примена ќе биде еден од најголемите предизвици на овој прв регуларен легислативен период по револуцијата. Штом ќе бидат познати првите тенденции од претседателските избори, ќе почнат и коалиционите преговори. Да се најде мнозинство во расцепканиот парламент, нема да биде лесна задача за партијата Нидаа Тунес. Набљудувачите сметаат дека дури на почетокот на наредната година, во февруари ќе бидат познати сите нови носители на државните функции во Тунис.