1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ, Каталонија, Фландрија, Јужен Тирол...

Кристоф Хазелбах/ А.Трајковска19 септември 2014

По референдумот за независност во Шкотска многу влади ширум Европа воздивнуваат. Но, и други региони бараат најмалку референдум.

https://p.dw.com/p/1DFrb
Фотографија: Reuters/A. Gea

Големо олеснување кај оние кои сакаат да ги зачуваат националните држави во денешната форма. Каталонските, фламанските и сепаратисти од Јужен Тирол напротив се надеваа на победа на нините шкотски истомисленици. Но, и тие би можеле да бидат задоволни. Прво, заговорниците за независност на Шкотска претрпеа релативно тесен пораз и добија ветувања од Лондон во иднина да можат многу повеќе самите да одлучуваат. Второ, сецесионистите на други места во Европа се надеваат дека ќе добијат референдум како во Шкотска. Во секој случај расте притисокот врз државите во Европа да направат поголеми отстапки за регионите.

Европска унија и НАТО

Олеснување нема само кај Европската комисија. За една институција, која по ова прашање всушност е обврзана на неутралност, Комисијата зачудувачки далеку отиде со залагањата за одржување на статус кво. Така барем беше почувствувано во јавноста. Претседателот на Комисијата Жозе Мануел Барозо пред референдумот јасно кажа дека независна Шкотска, доколку би сакала да пристапи во ЕУ, би морала повторно да го мине целиот пристапен процес и ќе биде потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ.

Исто така и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен се произнесе во однос на членство во Алијансата.

EU Gipfel in Brüssel Cameron und Barroso
Политичарите во Европа се раскарани по многу прашања но по шкотското прашања беа обединетиФотографија: REUTERS

Сега тие го поздравија резултатот. Барозо напиша дека резултатот бил „добар за обединета, отворена и силна Европа зад која стои Комисијата“. Расмусен за НАТО, пак, подвлекува: „Го почитувам изборот на шкотскиот народ. Ги поздравувам изјавите на премиерот Камерон, дека Обединетото Кралство ќе оди напред како обединета земја“:

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц исто така реагираше со „олеснување“.

Иако прашањето за независност на Шкотска засега се чини дека е минато, тоа не важи за другите региони на Европа.

Каталонија

Артур Мас, премиер на шпанскиот регион Каталонија, сака да одржи референдум на 9. ноември. Ако на него мнозинството се изјасни за самостојна Каталонија, Мас тоа сака да го смета за политички мандат да преговара со Мадрид за независност. Меѓутоа шпанската влада го отфрла гласањето како нелегално. Состојбата се смета за компликувана. Ако Каталонците навистина бидат прашани, според последните анкети, мнозинството би се изјаснило за отцепување на богатиот регион од Шпанија. Исто така и во овој случај Комисијата невообичаено јасно предупреди. Вицепретседателка на Комисијата во заминување Вивијан Рединг рече: „Секунди по изборите за независност Каталонија би била надвор од ЕУ. Тие би биле надвор од евро-системот. Тие нема повеќе да бидат граѓани на ЕУ“.

Фландрија

Исто така и Новата фламанска алијанса под раководство на Барт де Вевер се надеваше на ветар в грб за намерата за отцепување. Де Вевер е убеден дека белгиската национална држава секако ќе „испари“. Тој сака да постигне самостојност на Фландрија по пат на преговори. За референдумот оваа Алијанса го испрати својот човек Марк Демесмакер во Единбург. Тој на вебстраницата на партијата изрази „жалење“ што европските политичари, па дури и Херман Ван Ромпој, кој потекнува од Белгија, исцртувале сценарија за „крај на светот“ во случај на „да“ за шкотската независност. Белгискиот европски политичар, комесарот за трговија Карел де Гухт денеска во интервју за белгиското радио, пак, изрази загриженост. Гласање за независност, смета Де Гухт „би било земјотрес од размери кои би можеле да се споредат со распадот на Советскиот сојуз“.

Belgien Wahlen Flandern Flamen N-VA Erfolg für Seperatisten Bart De Wever
Де Вевер сака поделба на БелгијаФотографија: dapd

Јужен Тирол

За партијата Слобода за Јужен Тирол помалку е важен точниот резултат од шкотскиот референдум, отколку фактот дека тој се одржа. „Самоопределување е можно - лавината се тркала“, може да се прочита ден по гласањето на интернет страницата. Германското јазичното подрачје Јужен Тирол, кое до крајот на Првата светска војна припаѓаше кон Австро-Унгарија, по војната ѝ беше доделено на Италија. Денес покрај Слобода за Јужен Тирол уште две други партии таму бараат референдум. Целта била „слобода“ - или назад кон „татковината Австрија“ или независност, во секој случај Јужен Тирол не би требло да остане во склоп на Италија. Какви би биле шансите е нејасно. Во секој случај, значително се намалија тенденциите за отцепување во периодот на економската криза.

Symbolbild Oktoberfest Bayern
Баварија нуди регионализам, но малкумина сакаат отцепување од ГерманијаФотографија: PhotoSG/Fotolia

Баварија

На Баварија и Шкотска заеднички им се боите на нивните знамиња: бело и сино. Баварското движење за независност меѓутоа е минимално. Баварската партија која тоа го заговара, на последните покраински избори доби околу два процента од гласовите. Европратреничката од ЦСУ Ангелика Ниблер сигурно не сонува за независна Баварија. Таа во шкотскиот резултат меѓутоа гледа „повик за будење во правец на самостојоност на регионите во Европа“, кои во време на глобализација на многу луѓе им нуделе стабилност.