1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕП гласаше против изградбата на „Јужен тек“

БГ/макфакс/ртр17 април 2014

Европскиот парламент денеска (17.04) изгласа необврзувачка резолуција со која се изјасни против изградбата на гасоводот „Јужен тек“, кој треба да обезбеди проток на гас од Русија преку Црното море во делови од Европа.

https://p.dw.com/p/1BkB8
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европскиот парламент (ЕП) ја усвои резолуцијата против изградба на гасоводот „Јужен тек“, пренесува Бугарското национално радио. Резолуција е поради рускиот притисок врз Украина, како и за мерките кои треба да ги преземе Европската унија (ЕУ) против Русија.

Поради резервите на левицата кон текстот за „Јужен поток“, тој беше подложен на одделно гласање и доби огромна поддршка од мнозинството европратеници.

Бугарскиот европратеник Илија Јотов изјавил дека сепак станува збор за необврзувачка резолуција на Европарламентот, која има само советодавен карактер и која најверојатно ќе биде користена само предизборно.

Со резолуцијата ЕП повикува на проширување на индивидуалните санкции кон високи руски претставници, како и подготвеност за итно воведување на заеднички економски санкции. Има и повик за мерки против руските компании и нивните подружници во Унијата, особено во секторот на енергетиката. Во меѓувреме, претставниците на „Јужен тек Бугарија“ ги демантирале извештаите за демонтирањето на цевките, во врска со плановите на ЕП да го прекине проектот. „Цевките од првото заварување на ‘Јужен поток‘, кое беше направено во октомври минатата година како симбол на почетокот на изградбата на гасоводот, се транспортираат во складиште за привремено чување и ќе бидат искористени во натамошната работа“, истакнал претставник на компанијата.

Инаку, Турција вчера ја поддржа изградбата на проектот, најавувајќи дека е подготвена да дозволи минување на гасоводот низ нејзина територија.