1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еклстон нуди 25 милиони евра за вонсудска спогодба

БГ/афп29 јули 2014

Шефот на Формула 1, Берни Еклстон, понуди да плати 25 милиони евра отштета за да се отфрлат обвинувањата за корупција, кои против него се водат во суд во Германија.

https://p.dw.com/p/1Clwy
Фотографија: Lukas Barth-Pool/Getty Images

Адвокатскиот тим на 83-годишниот могул ја достави изненадувачката понуда до судот во Минхен, во замена за отфрлање на сите обвиненија против нивниот клиент. Државното обвинителство вели дека е подготвено да ја разгледа понудата, но ќе мора најпрво да ги проучи сите детали.

Според германскиот закон, обвинителството може да го повлече обвинението, дури и за кривични дела, доколку за тоа се спогодат сите страни во постапката.

Еклстон е обвинет дека на германскиот банкар Герхард Грибковски му исплатил мито од 33 милиони евра во 2006 и 2007 година, за тој да му ги препушти акциите на банката Бајерн ЛБ во Формула 1. Британецот, кој на почетокот на судењето во април годинава тврдеше дека не е виновен, се соочува со максимална затворска казна од 10 години. Тој призна дека на Грибковски му исплатил голема сума пари, но не како мито, туку затоа што бил уценуван. Грибковски беше осуден на 8,5 години затвори во 2012 година, откако беше осуден за корупција.