1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европа не се возбудува поради еболата

Барбара Весел/ Жана Ацеска18 октомври 2014

Во рамките на заштитата на населението во Европа од ебола, ЕУ ќе ја засили помошта во кризните земји во Африка. Предвидена е проверка на контролата на патниците кои патуваат од аеродромите од Африка и ефикасноста.

https://p.dw.com/p/1DY2b
Фотографија: Universitätsklinikum Hamburg-Eppendorf/Bertram Solcher

Медиумите во земјите членки на ЕУ засилено инсистираат на мерки за заштита на населението во Европа од ебола. ЕУ-министерот за здравство и Европската комисија меѓутоа и натаму остануваат нагласено мирни.

Комисијата првенствено се концентрира на контролите на патниците кои тргнуваат од аеродромите во погодените земји во западна Африка. Вакви контроли веќе се вршат во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја.

„Но ние не сме сигурни во нивната ефикасност“, вели надлежниот еврокомесар Тонио Борг. Сега се предвидува проверка на мерките во соработка со Светската здравствена организација.

Контроли на аеродромите

За некои ЕУ-членки тоа не е доволно. По Велика Британија, и Франција најави да ги контролира патниците кои стигнуваат на нејзините аеродроми за евентуални симптоми како зголемена телесна температура. На лондонскиот аеродром Хитроу вакви контроли почнаа уште минатата недела, посебно на патниците од индиректните летови. Експертите на ЕУ генерално препорачуваат контрола на температурата на патниците само од директните летови.

Isolierstation Uniklinik Hamburg-Eppendorf (UKE)
Фотографија: Universitätsklinikum Hamburg-Eppendorf/Bertram Solcher

Одделни европски авиокомпании, кои се‘уште вршат директни летови од засегнатите земји се Ер Франс и Брисел Ерлајн. На аеродромот во Мадрид вчера беше пријавен сомнителен случај на патник од Западна Африка во авион на Ер Франс.

Подобра размена на информации

Германскот министер за здравство Херман Грое соопшти дека во Германија засега не се вршат контроли за ебола на патниците од индиректни авионски линии. Сепак, се инсистира на подобра размена на информации за маршутите авионските патници од областите во кои е раширена еболата, за која цел може да се користи и информативниот систем Виза.

Во иднина треба подобро да бидат координирани и информациите за авионските патници во врска со симптоми и помош во случај на болест, што веќе се врши на аеродромите во Лагос. Освен тоа, треба да се практикува и засилена разменана искуства за најдобрите методи во постапувањето со заболените од ебола. Германскиот министер за здравство Грое притоа зборуваше за работилници за споредба на искуствата, а колку е тоа важно покажува случајот со инфцирана шпанска медицинска сестра.

Помош за погодените во Африка

Сите министри и претставници на ЕУ повторуваат дека најдобра заштита за Европа е помошта на теренот во Западна Африка. Комисијата за таа цел ја зголеми помошта на 180 милиони евра, Германија ќе плати дополнителни 85 милиони како директна поддршка.

Грое истакна: „Добиваме се‘ повеќе вести за доброволци, а во Вирцбург веќе почнавме со нивна обука“.

Освен тоа, тој ја повтори дадената гаранција за евакуација на медицинскиот персонал кој би се инфицирал при својата работа. За таа цел уште следниот месец ќе биде опремен сопствен Ербас со станица за карантин, со што инфицираните би можеле веднаш да бидат пренесени авионски.

Досега во вакви случаи мораше да се изнајмува транспорт од САД. Освен тоа, планирана е изградба и на 2 специјални болници со вкупно 300 кревети во кризните региони. Не е точно утврден бројот на болнички кревети во карантин-станици во Германија, експертите зборуваат за до 10, министерот за здравство за околу 50, истакнувајќи дека капацитетите ќе се зголемуваат чекор по чекор.

За некои експерти, како за шефот на мисијата за справување со ебола од организацијата Медисин санс Фронтие, реакциите на ЕУ се пребавни.

„Времето е многу важно, со еболата треба да се бориме како во војна“, вели Брис де ла Вињ. Еболата не е пренослива пред да се појави температура, затоа е соодветна мерката на авионските патници пред полетувањето да им се мери телесната температура. Болеста не екомплицирана, но во нејзиниот третман е потребна дисциплина. Мнозинството европски земји тоа треба брзо да го научат, здравствените системи треба брзо да се прилагодат на предизвиците. Кај еболата не смее да има слаби точки во системите за здравство.