1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договор на владата и опозицијата

БГ/ап/бета17 април 2014

Владата и опозицијата во Венецуела се договорија да ја прошират комисијата која ќе ја испита смртта на 41 лице во повеќенеделните антивладини протести.

https://p.dw.com/p/1Bjut
Фотографија: Reuters

Венецуела веќе два и пол месецa ја потресува бран антивладини протести предизвикан од лошата безбедносна состојба, високите цени и недостатокот на основни животни намирници. Во протестите кои започнаа на 4 февруари досега животот го загубија 41 лице, повредени се повеќе од 600, а притворени се 175.

Министерката за надворешни работи на Колумбија, Марија Ангела Холгуин, една од странските посредници во преговорите меѓу владата и опозицијата, синоќа изјави дека е постигнат напредок во напорите да се смират последиците од политичките немири во Венецуела.

Преговорите на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро и шефовите на опозицијата почнаа минатата недела под покровителство на Ватикан, Колумбија, Бразил и Еквадор.

Претставниците на Владата прво инсистираа на тоа истрагата да ја води парламентот во кој доминира владејачката партија, но делумно им излегоа во пресрет на барањата на опозицијата која инсистираше на формирање независна комисија.

Лидерите на опозицијата ја критикуваат Владата поради одбивањето да ги амнестира уапсените демонстранти. Но и по преговорите, стотици студенти оганизираа нови антивладини демонстрации синоќа во Каракас. Тие имено шетаа боси во знак на „покајување“ поради криминалот и економските проблеми на земјата.