1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дијалог за подобро пријателство

Настасија Штојдел/ А.Трајковска 19 ноември 2014

Прислушкувана канцеларка и откриени шпиони: германско-американските односи се затегнати како ретко кога. Актуелниот анти-американизам во Германија беше голема тема на едно доделување на награда во Франкфурт.

https://p.dw.com/p/1Dpas
Фотографија: picture-alliance/dpa

Понекогаш е добро работите да се набљудуваат од горе, имено од птичја перспектива сѐ се чини појасно. 49. кат на еден облакодер во Франкфурт затоа изгледа дека е идеално место за една манифестација, на која многу се разговараше за различните погледи. Здружението Штојбен-Шурц покани на доделувањето на нивната медиусмка награда.

Основано во 1930 година во Берлин, ова здружение веќе 84 години се залага за германско-американското пријателство. Претседателката грофица Цу Солмс-Вилденфелс институцијата ја означи како „постојан и стабилен бастион“ против навидум постојано растечкиот одбивен став на Германците кон Соединетите држави. „Поврзаноста со САД за нашиот живот е поважна отколку што мислиме“, рече таа. „Особено откако ветерот од Исток дува постудено“. Токму во вакви времиња важна била улогата на новинарите кои ги сакаат двете земји и можат да им ги објаснат на луѓето - новинари како Мелинда Крејн. За нејзиното новинарско претставување на германко-американските односи таа ја доби медиумската награда на организацијата, која се додели по 17 пат.

Клучниот збор се вика „дијалог“

Родената Американка во 1983 година поради нејзиниот докторат дојде во Германија и тука остна до денес - поради семејството, пријателите, но и страста за нејзината работа. На почетокот на 1990 години Крејн почна да работи за ДВ во Келн. За емисиите "Across the Atlantic" и "European Journal" таа патуваше низ светот. Таа известуваше за падот на диктатурата на Франко во Шпанија и од Трибуналот за воени злосторства во Ден Хаг. Во меѓувреме таа е главен политички коренспондент на Дојче веле, ја модерира емисијата "Quadriga" и е гостин во многу емисии - пред сѐ кога станува збор за трансатлантските теми.

Preisverleihung Melinda Crane
Мелинда КрејнФотографија: DW/N. Steudel

Таа смета дека е важно САД и Германија да имаат добри меѓусебни односи, оти многу теми можат да се обработат, само со соработка, вели Крејн. Токму во однос на кризата во Украина, она што се случува во Сирија и во Ирак, односите меѓу Германија и САД биле многу важни. Затоа клучниот збор се вика „дијалог“.

Повеќе заеднички работи отколку разлики

На крајот и Германија и САД едноставно ќе треба повторно да се присетат на она што ги обединува, смета Џон Б. Емерсон амбасадор на САД во Германија. „Младите луѓе во Америка и младите луѓе во Германија всушност се многу слични, пред сѐ во нивниот поглед на светот“, смета Емерсон. Затоа тој е многу загрижен, кога како неодамна мора да прочита, дека некои Германци САД ги ставале во ист кош со Русија. Важно било двете страни да имаат силни меѓусебни односи: „Сеедно дали за еболата, Украина, срединиот Исток или климатските промени. Добрите германско-американски односи се екстремно важни кај сите овие теми“.

Preisverleihung Melinda Crane John B.Emerson
Џон Б. ЕмерсонФотографија: DW/N.Steudel

Исто гледиште има и Мелинда Крејн. По 25 години „инкултурен интерпретатор“ таа меѓутоа знае дека трансатланските односи биле многу отпорни. Исто така и во тешки времиња продолжувала конструктивната соработка. Ова да се појасни е една од пораките кои таа сака да ги соопшти, вели Крејн. За неа било привилегија да учествував во дијалогот меѓу Германија и САД. „Ако мојата работа малку помогне, да се премостат тешките времиња, се радувам“.