1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Давутоглу соочен со речиси нерешливи проблеми

Баха Гингер / Превод: Е.М.Фиданоска22 август 2014

Новоизбраниот турски претседател Ердоган му го отвори патот на министерот за надворешни работи Давутоглу за функциите премиер и лидер на партијата. Но Давутоглу е соочен со речиси нерешливи проблеми, оценува Баха Гингер.

https://p.dw.com/p/1Cz67
Фотографија: Adem Altan/AFP/Getty Images

Поимот „конфликт околу лојалноста“ му е сосема непознат на досегашниот турски министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу кога станува збор за односот со шефот на неговата партија и на владата Реџеп Таип Ердоган. Давутоглу беше најблизок советник на Ердоган по прашањата на надворешната политика и сега е награден за својата верност и некритички став, ослободен од секаво сомневање во исправниста на одлуките на Ердоган.

Ако се фрли, меѓутоа, попрецизен поглед врз досегашните врвови на политичката кариера, Давутоглу не би добил преодна оценка. Професорот по политика од провинцијата Конја, во централна Аанатолија, која е едно од упориштата на исламско-конзервативната партија АКП, не може да се пофали со успеси на меѓународниот дипломатски паркет во последните години.

Посен биланс

Не се оствари неговата сметка да ја ослбоди Турција од пасивната функција на земја-мост и да и‘ помогне да стане повеќе самостоен центар на моќ. Од некогаш зацртаната „стратегија на нула проблеми“ во однос на соседите, не излезе ништо. Наместо тоа, Турција дури беше преплавена од проблеми и тоа со сите соседи. Политиката кон Сирија пропадна, во Ирак е маргинализирано турското влијание, врската со Израел е уништена поради турската поддршка за Хамас, од Кавказот доаѓаат вести за нови борби меѓу Ерменците и Азарбејџанците околу енклавата Нагорно Карабах. А сега и Бугарија уште гради „ограда“ за да спречи влегување на сириски бегалци. На Балканот муслиманските малцинства, пред се‘ во Босна и Херцеговина, и‘ се препуштени на својата судбина. А Турција се пресмета и во проценките на опозицијата на режимот на Асад. Имено, терористичката милиција Исламска држава од страна на Давутоглу на почетокот беше проценета како речиси безопасна.

Deutsche Welle Türkisch Bahaeddin Güngör
Баха Гингер, автор на коментаротФотографија: DW

Надворешнополитичката визија на Давутоглу за „стратешка длабочина“, која требаше да стане симбол на Турција во центарот на сферата на хегемонија од Блискиот Исток преку Централна Азија и Кавказот се‘ до Балканот, не се оствари. Турција одамна не ја игра улогата која сакаше да ја има како земја модел за арапските земји. По низата соборувања на деспоти и диктатури, Турција пред се‘ во Египет и Сирија играше на погрешна карта и затоа е конфронтирана со бранови бегалци од Сирија и Ирак кои се надвор од контрола.

Тешкото наследство на Ердоган

Уздите во сферата на внатрешната, но и надворешната политика, Ердоган нема да му ги препушти на Давутоглу. Затоа неговиот наследник на функцијата партиски лидер и шеф на владата, е исправен пред непремостливи пречки - да спречи распад на АКП со тоа што ќе даде лична нота и ќе има веродостојност во раководењето на партијата и да го одржи барем константен моменталниот број пратеници на партијата - 313 од вкупно 537 места во парламентот. Не е тајна дека веќе 35 години секоја партија чиј голем лидер станал претседател на државата завршила во безначајност.

Наследник на Давутоглу на функцијата министер за надворешни работи најверојатно ќе биде шефот на тајната служба Хакан Фидан. Досегашниот претседател на Турција, Абдула Ѓул, веќе нема да го крие своето разочарување од својот политички сопатник Ердоган. Давутоглу ќе мора да се откаже од поддршката на умерениот Ѓул. Тоа пак не ветува добри резултати за АКП на парламентарните избори наредната година. Скалата од 50 проценти освоени гласови, како во 2011 година, за Давутоглу ќе биде веројатно превисока.

Она што ќе остане на крајот од многуте поплави се големи купишта кал и стакло кои Ердоган му ги остави на својот наследник. Тој ќе се обиде и натаму да раководи со судбината на земјата, но неговото самостојно владеење ќе напукува се‘ повеќе со секои нови демонстрации, а тоа не зборува ништо добро за блиската иднина на Турција, која е опколена со кризни жаришта.