1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски: Јасно е дека Грција го оспорува нашиот идентитет од самиот почеток

СН/ам/миа16 јули 2014

Македонскиот премиер Никола Груевски уште еднаш порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во какви било иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ, јазик и нација.

https://p.dw.com/p/1Ce3G
Фотографија: MIA

Премиерот Никола Груевски не е изненаден од вчерашната изјава на германската канцеларка Ангела Меркел во Дубровник во која рече дека „нерешениот проблем со името и идентитетот меѓу Македонија и Грција е товар за сите“ и смета дека спомнувањето на зборот „идентитет“ не би требало да биде нешто ново за познавачите на проблемот.

„И мене и на оние коишто добро го следат овој спор одамна ни е јасно дека другата страна уште од самите почетоци практично го оспорува нашиот идентитет. Тоа беше докажано и со последната изјава на премиерот на нашиот јужен сосед и затоа не би требало да е нешто ново за нас“, изјави премиерот Груевски во одговр на прашање по пуштањето во употреба на новиот 440/110 киловолтен автотрансформатор во трансформаторската станица Скопје 5 и реконструираниот 110 киловолтен далекувод Скопје - Куманово.

Тој потенцира дека на многу наврати и досега кажал дека ВМРО-ДПМНЕ нема да влезе во какви било иницијативи и идеи во кои ќе се оспори или доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ, македонскиот јазик и нација.