1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Годишнина од „Револуцијата на достоинството“ во Украина

Бернд Јохан/превод А.Трајковска 21 ноември 2014

Украинците го победија автократскиот режим. Тие ја одбраа деморкатијата и сакаат правна држава. Но, движењето може да пропадне поради олигарсите во сопствената земја и поради Москва, смета Бернд Јохан.

https://p.dw.com/p/1DqxB
Фотографија: Genya Savilov/AFP/Getty Images

Пресвртница за Европа беше 1989 година. Во Германија падна Берлиснкиот ѕид, а храбрите граѓани од Талин, преку Варшава до Букуршет и Софија се ослободија од советската доминација. 25 години подоцна во Европа луѓето сѐ уште се борат за слобода и демократија. На Евромајдан во Украина пред точно една година луѓето се дигнаа против авторитарното и корумпирано владеење. Нивната цел беше една нова Украина со правна држава и демократија. Земјите од Европската унија на многу демонстранти им служеа како пример.

Стотина илјади граѓани со месеци протестираа на Плоштадот на независноста во Киев и другите украински градови. Тие им се спротивставија на студот и на сѐ побруталното државно насилство. На крајот успеа пресвртот. Властодржците капитулираа и побегнаа во Русија, која го поддржуваше режимот и до денес ги осудува протестите како пуч. Оттогаш Кремљ гледа дека неговото влијание во Украина се намалува и смета дека развојот е закана за сопствената моќ. Луѓето во Украина меѓутоа тоа го нарекуваат „Револуција на достоинството“, бидејќи не сакаа повеќе да допуштат да бидат понижувани и ограбени од еден автократски систем. Меѓутоа оваа битка сѐ уште не е добиена.

Масовно движење против насилниот режим

Протестите ги предизвика тогашниот претседател Виктор Јанукович. Исто и поради притисок од Русија тој на 21 ноември 2013 изненадувачки ја стопираше планираната асоцијација на Украина со ЕУ. Притоа и неговата влада долго преговараше за тоа. „Ние ќе одиме на Мајдан, кој ќе дојде?“ протестираа разочарани луѓе на социјалните медиуми.

Од тоа брзо се создаде масовно движење и тоа во сите општествени групи, кое стануваше сѐ посилно колку по екцесивно рагираше режимот со репресалии и насилство. Во протестите учествуваа и националистички и екстремистички групи. Меѓутоа на претседателските и парламентарните избори победија демократските и реформаторски сили со убедливо мнозинство. Украинците на тој начин го отфрлија радикализмот исто и антирускиот, и тоа среде војна со оружје и пропагада која во меѓувреме им ја наметна Русија.

Олигарсите и натаму ги влечат конците

Украиниците на импресивен начин го користат правото на самоопределување. Меѓутоа „Револуцијата на достоинството“ не е завршена. Изборите демократски ја легитимираа смената на власта. Но, барањата од општеството во никој случај не се исполнети. Всушност силната моќ во Украина како и досега ја имаат олигарсите, богатите претприемачи, кои со години ја контролираат земјата. Тие се повторно застапени и во новиот парламент. Дури сѐ уште се активни и спорни политичари од времето на Јанукович, кои со драконски закони пред само неколку месеци сакаа да го задушат демократското движење.

Deutsche Welle REGIONEN Osteuropa Ukrainisch Bernd Johann
Бернд ЈоханФотографија: DW/P. Henriksen

И покрај тоа постои надеж. Таа е насочена пред сѐ кон претставниците од редовите на Евромајдан. На многумина од нив им успеа да влезат во парламентот. Тие би можеле да внесат свеж ветар во политиката. Заедно со старите сили сега мораат да се погрижат за тоа да се спроведат очекуваните реформи.

Битката за достоинството сѐ уште не е добиена

Притоа станува збор за независноста на правосудството, демократска контрола на досега сѐмоќните милиции и крај на корупцијата. Исто така мора да биде спречено, политичките елити повторно бесрамно да се збогатат како во минатото. Дури тогаш ќе бидат исполнети централните барања на Евромајдан. Дури тогаш луѓето во Украина навистина ќе живеат достоинствено и нивната „Револуција на достоинствотото“ ќе можат да ја слават како успех.

Најголемата опасност за Украина меѓутоа и натаму се заканува од Русија. Со сета моќ Кремљ се обидува да спречи да се создаде една слободна Украина. Анексијата на Крим и војната во Донбас ја дестабилизираат земјата политички, економски и воено. Со право Украинците сметаат дека начинот на кој Русија се однесува кон нивната земја е агресија.

25 години по крајот на советските репресалии во Источна Европа повторно во Европа еден народ се бори за самоопределување. Притоа не станува збор само за зони на влијание, туку и за достоинството на луѓето.