1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гнев и нови безредија во Фергусон

Сабрина Фриц (свр)/ А.Трајковска25 ноември 2014

Полицаецот, кој го застрела црното момче во американскиот град Фергусон, не мора да одговара пред суд, одлучи поротата. Веднаш по оспоруваната одлука дојде до големи судири и покрај апелите за смиреност.

https://p.dw.com/p/1DsXR
Фотографија: Reuters/Adrees Latif

Сите повици за мирни протести останаа нечуени. Малиот град Фергусон доживеа ноќ на насилство. Камења летаа, луѓето трчаа низ облаци од солзавец, автомобилите гореа. Меѓу маскираните демонстранти се мешаа и жители на градот кои се обидуваа да ја смират зовриената ситуација, и многумина во меѓувреме поради безредијата се повлекоа во своите домови.

Гневот и разочарувањето дојде до израз кратко по 20 часот и 30 минути по локално време кога државниот обвинител Роберт МекКоло ја објави одлуката на поротата: „Тие не видоа основа да подигнат тужба против офицерот Вилсон“, рече тој.

Пред полицисата станица во Фергусон во тој момент беа собрани повеќе стотици луѓе. Тие преку радиото го следеа соопштението на државниот обвинител. Офицер Вилсон делувал според законот. „Законот предвидува: полицаец во одредедени ситуации смее да употреби смртоносно оружје“, рече МекКоло. Полицаецот не бил напаѓач и тој делувал во самоодбрана. Фотографии покажуваат повреди на неговата глава и неговиот врат.

Ausschreitungen in Ferguson 24.11.2014
Маскирани демонстранти во ФергусонФотографија: Reuters/Jim Young

Нејаснотија што се случи во кобната ноќ

Три месеци поротата која ја сочинуваа дванаесет мажи и жени го разгледуваше случајот. Тие сослушаа 60 сведоци и тројца вештаци, но изјавите на сведоците биле противречни. Сѐ уште нема точна слика, што се случило во таа ноќ. Кога постои сомнеж, поротата одлучи во корист на обвинетиот. Оваа пресуда не е изненадување. Веќе последните денови речиси никој повеќе не очекуваше дека полицаецот ќе мора да одговара пред суд, бидејќи ноќта на 9. август го застрела 18 годишниот Мајкл Браун.

Обама повика на смиреност

Претседателот Барак Обама, кратко откако беше објавена одлуката на поротата се обрати во јавноста. И тој од далечниот Вашингтон се обиде да делува смирувачки врз демонстрантите во Фергусон. „Ова не е случај само за Фергусон, туку за САД“, рече тој. Претседателот призна дека кај силите за безбедност имало случаи на расизам: „Но овој проблем нема да се реши ако се фрлаат шишиња или се демолираат автомобили или дури се повредуваат луѓе“, рече претседателот.

Ferguson Entscheidung Grand Jury - Protest Weißes Haus Washington 24.11.2014
Протести и пред Белата куќаФотографија: Reuters/Joshua Roberts

Полицијата со недели се подготвуваше за оваа ноќ. Гувернерот воведе вонредна состојба. Исто така и мајка му на Мајкл Браун беше меѓу демонстрантите. Кога беше објавена пресудата, болката целосно ја обзеде. И покрај сета тага, родителите на Мајкл Браун замолија да не се употребува насилство.