1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германското стопанство има потреба од квалификувани бегалци

П.Ц.Бритц/Е.М. Фиданоска28 мај 2015

Никаде во Европа постапката за азил не трае толку долго како во Германија, се вели во студија на фондацијата Бертелсман. Стопанството бара бегалците порано да почнат со учење германски јазик и да наоѓаат побрзо работа.

https://p.dw.com/p/1FX8q
Фотографија: Cucula/Verena Bruening

Ахмед Салиху правел голем напор да најде работа во Германија. Но властите го вратиле назад, во Италија. Таму Нигериецот првпат стапнал на територија на ЕУ. Дошол со авион од Либија.

Ваквото повлечи-потегни ги плаши фирмите и тие не вработуваат бегалци, зашто мора да сметаат со тоа дека може да ги загубат своите соработници од денес до утре.

Многу работодавачи ја критикуваат ваквата ситуација. Тие сакаат да вработуваат квалификувани бегалци. А такви најверојатно има многу. Агенцијата за работа направила анкета меѓу 600 новодојдени за тоа какво образование и познавања имаат. Од испитаните, 26 проценти рекле дека имаат диплома за завршена обука за некое занимање. Уште поголем процент одговориле дека имаат универзитетска диплома. Сепак, многумина тоа не можат и да го докажат.

Иако се добро обучени, тешко им е да се нанјдат на пазарот на работна сила. Зашто бегалците смеат да работат само 3 месеци по своето доаѓање, а то не е доволно, покажува една нова студија.

Сликата се менува кога ќе добијат дозвола за престој. Но властите каскаат со обработка на случаите. По правило, бегалците чекаат по половина година на одговор од страна на властите. Во тоа време само малкумина успеваат да најдат работа.

Германското стопанство има потреба од квалификувани бегалци