1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германска иновација - салата расте на врв на шише

А. Карлет/С.Недевски22 јули 2014

Двајца градинарски инжинери од Дрезден дојдоа на идеја да одгледуваат зеленчук на најмал можен простор. За нивните растенија од шише се заинтересира дури и НАСА

https://p.dw.com/p/1CcRh
Salat mit Laborgläsern
Фотографија: Fotolia/Schlierner

Градинарските инжинери Даниел Бром и Нико Домурат од Дрезден во германската покраина Саксонија се изумители на „Салатата од шише“.

„Сметавме дека треба да развиеме систем кој нема да го користат само големите градинарски фирми, значи оние со сопствени оранжерии, туку нешто што секој ќе може да го испроба дома и што функционира како што треба“, вели Даниел Бром.

Својот производ го нарекоа Ботлкроп, односно растение од шише.

„Прво треба да ставиме хранливи материи за билката да има храна. Шишето до врв го полниме со обична вода од чешма. Следниот чекор е ставање компримирана земја. Тоа е всушност нормален градинарски супстрат кој го ставеме овде горе во инката. Потоа доаѓа семето кое го ставаме овде во малата дупка. И на крајот сето тоа го ставмe во картрон и го поставуваме покрај прозор“, вели Нико Домурат.

Осум недели чекање и сѐ е готово. Салатата расте само од себе и практично насекаде, а можеби наскоро ќе замине и на Mарс, како здрава храна за астронаутите. Двајцата изумители од Дрезден се во контакт со америкнската вселенска агенција НАСА уште од студентските денови.

Салата од шише

„НАСА не истражува само за вселенските летови, туку и за примена на Земјата. А тука исто така постојат доволно места на кои на пример работат научници и на кои е навистина тешко да бидат снабдени. Значи, мислам на пример на истражувачката станица на Јужниот пол, а тука е се разбира и Меѓународната вселенска станица“, објаснува Нико Домурат.

Духот кој се крие во ова шише во целост е зелен. Картонот и шишето можат да се рециклираат. Наместо 130 литри вода колку што салатата исцрпува од земјата, Ботлкроп голта само 2 литра. Штетници речиси и да нема. Сите заинтересирани Ботлкром можат да го нарачаат на интернет страницата на двајцата изумители. Основниот пакет со состојки за три салати чини 12 евра.

„Нашата прва серија од производот веднаш ја распродадовме. Имавме вкупно 1.000 парчиња. И сега нарачавме нови картони, нови шишиња и подготвени сме за големи порачки“, вели Даниел Бром.