1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија со над 16 милијарди евра буџетски суфицит

ЕМФ/ард/дпа1 септември 2014

Германската држава во првата половина од 2014 година забележа суфицит од 16,1 милијарди евра. Причина - добрата состојба на пазарот на работна сила.

https://p.dw.com/p/1D4ei
Фотографија: picture-alliance/dpa

Државната каса во Германија е полна како што не била одамна. Последен пат толку „дебел“ плус е забележан во втората половина на 2000 година и тоа поради наддавањето за УМТС-лиценци.

Суфицитот од 16,1 милијарди евра, според Сојузниот уред за статистика, се должи пред се‘ на робустниот пазар на работа. Од добрата ситуација со вработеноста профитира пред се‘ сојузната каса. Приходите од даноци, имено, изнесуваат 329, 5 милијарди евра. Тоа значи дека сојузот остварил плус од 4 милијарди евра приходи од даноци.

Суфицитот во буџетите на општините, според Сојузниот уред за статистика, изнесува 5,3 милијарди евра, а суфицитот во социјалното осигурување - 7,1 млијарди евра. На покраините, пак, во првата половина од годинава им недостигале 200 милиони евра за да имаат порамнет буџет.