1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заеднички против терористичката милиција

Бетина Маркс / А.Трајковска 19 септември 2014

Јавни погубувања и убиства - терористичката милиција Исламска држава шири страв и трепет, не само на Блискиот Исток. Анкара и Берлин сакаат да соработуваат во борбата против терористите.

https://p.dw.com/p/1DFby
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Hitij

Неговото прво патување кон Европа го донесе турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Берлин. Но, за него и неговиот германски домаќин, министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамајер, тоа не беше прва меѓусебна средба. Теми за разговор во моментов има доволно. Покрај билатералните односи, кои од двајцата министри беа опишани како добри и доверливи, и преговорите за пристап во ЕУ, главно се разговараше за состојбата на Блискиот Исток.

Заедничка борба против терористите

Заканата од терористичката милиција Исламска држава (ИД) не e само закана за Ирак и Сирија, туку за целиот регион, рече Штајнмајер. Никој не се соочи со тоа толку рано како Турција, која има долга граница со Ирак и Сирија. Во јуни во ирачкиот град Мосул беа упасени околу 50 соработници на турскиот конзулат и членови на нивните семејства од страна на борците на ИД. До денес тие се во заточеништво на терористите. Штајнмајер на својот колега му посака успех во напорите за ослободување на заложниците.

Тој исто така се заблагодари за турскиот ангажман при борбата против странските џихадисти, кои се обидуваат преку Турција да влезат во кризните области, за да се борат на страната на екстремистите. „Со голема радост примив до знаење дека во меѓувреме повеќе од илјада млади луѓе, кои очигледно биле волни да влезат во борба во Ирак или Сирија, биле вратени од Турција“, рече Штајнмајер. Повеќе од 6.000 мажи и жени стоеле на листата на непожелни личности, кои не смеат да допатуваат во Турција.

ISIS Kämpfer in Syrien 30.06.2014
Борци на ИД во СиријаФотографија: picture alliance/AP Photo

Џихадисти од странство

И од Германија стотици екстремисти отпатуваа во кризните области. Според проценките на експертите за безбедност најмалку 40 од нив биле убиени, меѓу нив имало и повеќемина атентатори самоубијци. Исто така и во Турција се регрутираат доброволци за борба. Според турските медиуми повеќе од 1.000 млади мажи веќе учествуаат во војната од другата страна на границата. „Њујорк тајмс“ пред неколку денови информираше дека оние што собираат луѓе во сиромашните квартови наоѓаат на отворен прием.

Турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу подвлече дека Анкара ги засилила контролите на границата кон Сирија и Ирак долга 1.200 километри. Освен тоа интензивно се контролирале и автобуските станици и други чувствителни точки. За да се спречи пристигнувањето на странски џихадисти турските власти биле упатени и на соработката со странските разузнавачки сили. Тие би морале да ја информираат Турција за своите сомнителни државјани.

Infografik Vom „Islamischen Staat“ (IS) kontrollierte Gebiete
Територии во Сирија и Ирак конотрлирани од ИД

Истовремено Турција и натаму сака да ги држи своите граници отворени за бегалците. Неодамна Турција прими нови 38.000 језиди, кои побегнаа од Ирак. Освен тоа Турција ги снабдува бегалците и од другата страна на границата, на ирачка државна територија. Штајнмајер го истакна ангажманот на Турција при прифаќањето на бегалците од Сирија и Ирак. Земјата со тоа носи голем дел од товарот, кој граѓанската војна го носи со себе во регионот.

Како понатаму на Блискиот Исток?

Двајцата министри за надворешни работи одбија во борбата проитв ИД да соработуваат со курдската илегалната организација ПКК, која и во Турдција и во Германија се смета за терористичка организација. Не може поради тоа една терористичка организација. која се бори против друга. да се тргне од терористичката листа, рече Чавушоглу. „Тоа би значело дека има добар и лош тероризам“.

Министрите се согласни и дека теророт не може да се победи само со воени средства. „Потребен ни е широк политички ангажман“, појасни Штајнмајер. Затоа во Берлин се одржа средба на повеќемина министри со ракводителот на фондацијата Наука и политика Фолкер Пертер. Во дискусијата станало збор за тоа како може да се придонесе за смирување на состојбата на Блискиот Исток.