1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гаук - човекот кој ја разбуди Германија

Ралф Босен / Александар Методијев18 септември 2014

Полувреме за Јоахим Гаук. По првичните потешкотии, германскиот претседател во меѓувреме е на успешен курс, смета Ралф Бозен. Една конкретна жена притоа игра значајна улога.

https://p.dw.com/p/1DE4g
Фотографија: picture-alliance/dpa

Кога Јоахим Гаук пред две години стапи на функција, очекувањата беа големи. Поранешниот пастор и активист за заштита на граѓанските права имаше репутација на речит говорник со чувство за порака, човек кој изразува и непријатни вистини. Некој кој истовремено со шарм и емпатија може кон себе да придобие луѓе, но ако е потребно не бега ниту од расправија и со моќниците. Така, тој како шеф на Службата за документите од Штази спореше со поранешниот канцелар Хелмут Кол, кој се противеше на отворањето на документите од поранешната Служба за државна безбедност на ГДР (Штази).

„Лајт“ Гаук

По стапувањето на функцијата претседател ваквиот Гаук залудно се бараше. Тој држеше паметни, политички коректни говори. Тие делуваа омекнато и едвај оставаа впечаток каков што се има за Германците.

Наместо јасна рамка, го имаше само Гаук во „лајт“ верзија. Така можеби тогаш понекој граѓанин се прашуваше дали новиот жител во дворецот „Белви“ ќе излезе несоодветен за местото претседател. Функцијата претседател драматично го загуби својот сјај поради оставките на Хорст Келер и посебно на Крисијан Вулф. Првиот прерано замина, а вториот предоцна.

Но, 74-годишниот Гаук на половина од својот мандат ја напушти таа сенка од неговите претходници. Кој во моментов го набљудува Гаук ќе доживее еден самоуверен претседател, кој својата улога ја извршува со видливо уживање. Гаук со умешност не се спушта во долините на дневната политика. Со тоа Гаук и’ прави добро на Германија! Претседателот пронаоѓа јасни зборови таму каде што канцеларката молчи или останува неодредена. За нив двајцата тоа е сосема во ред. Наместо конкуренција меѓу двајца врвни политичари, зачудените Германци доживуваат спротивност – едно дуо кое речиси перфектно се надополнува и кое има извонредна поделба на работните обврски.

Од една страна е прагматичната Ангела Меркел, која проблемите ги решава со научна прецизност и ладен спокој. Од друга страна Јоахим Гаух бара избалансиран пристап и маестрално игра на клавијатурата на емоциите.

Критика за Русија и Турција

Формата на Гаук се подобри пред се’ кога пронајде главни теми на својот мандат – улогата на Германија во светот и колемите конфликти на нашето време.

Deutsche Welle Ralf Bosen
Ралф БосенФотографија: DW/P.Henriksen

Така тој остро ја критикуваше Русија и со оглед на конфликтот во Украина рече дека „територијалните отстапки често го зголемуваат апетитот на агресорот“. Следбениците на германската десноекстремистичка партија НПД тој ги нарече „лудаци“, а политичкиот курс на поранешниот турски премиер, а во меѓувреме претседател Реџеп Таип Ердоган, „опасност за демократијата“.

На Безбедносната конференција во Минхен тој со право се заложи за тоа Германија, со оглед на својата економска тежина, порано и поодлучно да се ангажира во меѓународните кризи. Исто така и со воени средства, што секако ја подели јавноста. Оваа тема со денови доминираше во медиумите и дефинитивно докажа дека Гаук како претседател не сака да има удобна репрезентативна функција.

Со ваквите изјави да се предизвикува важна дебата – тоа е повеќе од добредојдено. Заблагодарувајќи му на Гаук! Претседателот е човек кој знае да „раздрма“ и кој и’ е потребен на Германија во време на таканаречената голема коалиција, односно владеачката коалиција составена од демохристијаните и социјалдемократите. Бидејќи Германија би можела да биде парализирана поради сеопфатниот консензус на големите партии. Германците на претседателот на државата му изразуваат благодарност избирајќи го редовно веднаш зад канцеларката на врвот на листата на омилените политичари.

Бранител на слободата

Во ретроспектива се чини дека успешниот политички курс на Гаук и неговата почетна воздржаност беа паметно сондирање на политичкиот и општествен терен. Меѓутоа се’ не му појде од рака. Така, се очекуваше Гаук, поради аферата со НСА, појасно да ги критикува САД. Токму тоа и би можело да се очекува од поранешен граѓанин на ГДР, за кого слободата отсекогаш беше голема тема. Наместо тоа, тој не рече речиси ништо.

Но, тоа на вкупната слика не и’ нанесува значителна штета. Гаук е најдобар пат да стане многу добар претседател. Можеби и најголем?! За соодветен настап во германската историја му е потребна и соодветна сцена – противници за да може да расте и конфликти во кои би можел да се докаже. Гаук за тоа има потенцијал и време.