1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Втор случај Ходорковски?

Андреј Гурков / А.Трајковска 18 септември 2014

Рускиот милијардер Владимир Јевтушенков е во домашен притвор. Кој стои зад прогонот против основачот на концернот „Система“? Набљудувачите сметаат дека тоа би можел да биде близок човек на Путин.

https://p.dw.com/p/1DFEi
Фотографија: picture-alliance/dpa

Своите милијарди тој не ги заработи со сировини, туку главно во иновативната високотехнолошка бранша: Тоа е она што 65-годишниот Владимир Јевтушенков (на насловната фотографија) го разликува од повеќето руски олигарси. Срцето на концернот „Система“ го сочинува понудувачот на мобилниот оператор „МТС“ - еден од трите водечки фирми во оваа бранша на рускиот пазар. На концернот му припаѓаат и повеќе машински фирми, група болници, медиумски и фармацевтски компании.

Сѐ се врти околу нафтената фирма „Башнефт“

Но, токму учеството во една нафтена фирма, би можела да биде кобна за Јевтушенков. Руските правосудни органи го сомничат милијардерот за нелегални зделки околку фирмата „Башнефт“ во автономната Република Башкортостан. Поради сомневање за перење пари тој од 16 септември е во домашен притвор и мора да носи електронски лисици.

Оваа вест во Москва одекна како бомба - не само на берзата каде акциите на „Система“ веднаш загубија една третина од нивната вредност. „Сето тоа изгледа како 'Јукос' бр. 2“, изјави шефот на на рускиот Индустриски и претпримачки сојуз Александер Шохин, кој во основа се смета за верен на Кремљ. Тој ни од далеку не е единствениот кој веднаш прави параелели со апсењето на некогаш најбогатиот бизнисмен на Русија, Михаил Ходорковски, во 2003 година. Неговиот успешен нафтен концерн „Јукос“ кратко потоа беше растурен, а најавжните оддели ги присвои државниот концерн „Роснефт“.

Во Русија по апсењето на Ходорковски немаше до таа мера спекаткуларни правни процеси против некој голем индустријалец.

Michail Chodorkowski
Михаил Ходорковски беше помилуван во декември 2013 годинаФотографија: Dimitar Dilkoff/AFP/Getty Images

За Александер Шохин не станува збор само за надворешни сличности на двата случаи, туку за тоа дека руското правосудство повторно подигнува тешко сфатливи обвинувања. „Шеф на една фирма, која плати 2,5 милијарди долари за одреден имот, е обинет дека присвоил определени акции и перел пари“, вели професорот по економија и поранешен заменик премиер на Русија. „Ако приватизацијата на 'Башнефт' била придружувана со нерегуларности, тогаш тоа не е причина да се подигне обвинение против совесен купувач, кој го стекнал тој имот во следната етапа“.

Игор Сечин ги влече конците?

„Го прочитав текстот од обвинението, и не можам да го разберам“, вели Анатоли Чубајс, исто така поранешен заменик премиер и денес претседател на управниот одбор на државниот нанотехнолошки-холдинг „Роснано“. Нему му било загатка како Јевтушенков можел да се поврзе со приватизацијата на „Башнефт“, со која е докажано дека нимал никаква врска.

Во Москва се нагаѓа што би можело да биде позадина за почетокот на истрагата. Имено, само ретки набљудувачи веруваат дека вистинска причина била желбата за правна разврска за евентуално прекршување на законите. Поранешен менаџер во „Система“, кој не сака да биде именуван, во разговор за ДВ вели дека шефот на „Роснефт“ Игор Сечин би можел да ги влече конците. Тој е близок соработник на Путин.

Навистина „Роснефт“, најголемиот државен нафтен концерн, летово размислуваше за преземање на „Башнефт“, но тоа беше прескапо. Кратко потоа започнаа првите истражни постапки поврзани со фирмата „Башнефт“, која доведе до домашен притвор за Јевтушенко и пад на акциите. Поранешен менаџер на „Система„“, кој сака да остане анонимен, вели дека порано или подоцна ќе се дознае дали нафтената фирма го сменила сопственикот и по која цена.

Russland Sanktionen Waldimir Putin und Igor Setschin
Шефот на „Роснефт“ Сечин се смета за близок до ПутинФотографија: picture-alliance/AP Images

Тежок удар за Русија како место за нвестиции

Домашниот притвор на Јевтушенков би можело да биде и политички сигнал за руската економска елита. Михаил Ходорковски во негово време беше уапсен и поради тоа што премногу активно ја поддржуваше политичката опозиција во Русија.

Денес монтиран процес против еден голем индустријалец би можело да биде демонстрација на моќ на Кремљ и истовремено предупредување до бизнисмените, да не му се спротивставуваат на анти-западниот курс на Путин, сметаат критичари на процесот против шефот на „Система“.

Едно во секој случај е сигурно, вели топ-менаџерот и политичар Анатоли Чубајс: „Оваа постапка на правосудството е тежок удар за бизнис климата во Русија. И, тоа во време во кое руското стопанство балансира меѓу рецесија и стагнација.“ Исто така и Михаил Ходорковски е на мислење дека не можело да се најде полошо време за апсењето на Владимир Јевтушеков. Од својот егзил во Швајцарија и Ходорковски изрази сомнеж деказ зад акцијата би можел да стои Игор Сечин.