1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во честакот од закони и морал

Фолкер Вагенер / превод: ЕМФ19 декември 2014

Себастијан Едати, некогаш познат социјалдемократ, се извини за симнување порнографски содржини со деца. Било погрешно, но легално. Непријатен обид за делумно рехабилитирање, оценува Фолкер Вагенер.

https://p.dw.com/p/1E7TA
Фотографија: Getty Images/A. Berry

Ова е приказната на Себастијан Едати. До пред една година носител на надеж во СПД, претседател на истражната комисија за терористичката организација НСУ, угледен политичар. На почетокот на годината 45-годишникот доживеа рапиден пад. Преку својот службен лаптоп од Бундестагот Едати симнувал порнографски фотографии со деца и видео материјали - седум пати. Случајот станува политикум, и тоа не само во еден поглед. Претставник на народот како страсник кој сака малолетници - тоа е морална смртна пресуда. Со право! Тоа што неговите интернет активности се одигрувале во граничната зона на кривичниот закон, не ја прави работата полесна. Напротив, тоа кани на лавирање. И така и аргументира Едати. Тој сторил нешто погрешно, но не и противзаконско. Апсурдно минимизирање на работите.

И тука е уште и политичката димензија - прашањето на знаење што се случува, на натамошно проследување информации, па дури и издавање тајна. Тоа веќе го чинеше глава тогашниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих. Раководни политичари од СПД се под сомневање дека тактизирале со своето знаење за Едати. Лош политички театар.

Морал: од кога почнува срамењето?

За Едати не говори добро тоа што цела година негираше и ги минимизираше работите, за сега првпат да се извини. Тоа се нарекува селективна свест за вина. Секогаш да се признава само онолку колку што е неопходно. Сега, со оглед на тоа што фактите веќе не може да се негираат, тој признава дека ги разочарал луѓето.

И сепак во своето делумно признание ја растегнува човечката способност за разбирање и простување до граница на неподносливост. Имено тогаш, кога со правничка лукавост го обликува во законски соодветна форма своето однесување кон децата на интернет. Знае ли под какви околности овие деца се ставени на интернет голи? Овој човек е повеќе гневен поради урнатините од својата кариера, отколку поради виртуелното злоставување на детските тела и души.

Кривична димензија: легално не е и исправно

Deutsche Welle Volker Wagener Deutschland Chefredaktion REGIONEN
Фолкер ВагенерФотографија: DW

Токму затоа неговата линија на аргументирање во врска со кривичната димензија на случајот е пикантна. Симувањата биле легални, аргументира Едати и притоа се повикува на оценките на Сојузната криминалнистичка служба. Но тогаш зошто дури сега доаѓа долго очекуваното извинување на Едати, по цела една година откако го снема? Едати во безизлезната ситуација излезот за итни случаи го бара меѓу моралот и правото - човечки сфатлив рефлекс, но карактерно неприфатлив (неморален).

Многу голем политички театар: крајот се‘ уште е неизвесен

Нешто погрешно сториле и други: врвни луѓе во СПД, поранешниот шеф на Сојузната криминалистичка служба Јерг Цирке, тогашниот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих. Сите долго пред да биде обелоденет „случајот Едати“ знаеле многу и очигледно се обидувале да го тргнат Едати од линијата на отстрел. Не од љубов кон ближниот, туку за да спречат штета по партијата.

Случајот Едати пред речиси една година многу ја оптовари големата коалиција. Иако повеќе врвни луѓе на СПД до денес се под сомневање дека она што го знаеле надлежните институции и што било тајно, на недозволен начин му го пренесле на Едати, досега жртвено јагне мораше да даде само Унијата. Министерот за внатрешни работи Фридрих мораше да се повлече од функцијата. Конзервативците до денес не дозволуваат тоа да им се забележи, иако стегаат тупаници во џебовите. Случајот се‘ уште не е затворен.