1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Минск договорен пристап до малезискиот авион

ЕМФ/афп/дв1 август 2014

Во борбите што во текот на ноќта се водеа на местото каде што е соборен малезискиот авион во Украина загинаа 14 лица, соопшти украинската армија. На средбата на Кризната група за Украина во Минск е постигнат прв договор.

https://p.dw.com/p/1CnGU
Фотографија: Reuters

Украинската армија соопшти дека во текот на ноќта (31.07/1.08) во борби во градот Шахтарск загинале најмалку десет украински војници. Четири тела се‘ уште не се идентифицирани и, како што се вели во Киев, може да станува збор за тела на „украински војници или терористи“.

Шахтарск се наоѓа на 25 километри оддалеченост од местото на кој што е соборен малезискиот авион МХ17. Откако вчера (31.07) претходница од меѓународни експерти првпат по една недела стигна на местото каде што се остатоците на авионот, планирано е денеска вооружени полицајци од Холандија и Австралија да почнат со обезбедување на подрачјето. При соборувањето на МХ17 на 17 јули загинаа 193 Холанѓани и 28 Австралијци. Според австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп, се‘ уште не се пронајдени телата на уште околу 80 од вкупно 298 патници во авионот.

Во меѓувреме, на средба на Контакт групата за Украина во Минск, на која учествуваа претставници на Украина, Русија и ОБСЕ, е постигнат договор за прекин на огнот долж патот кој води до местото каде што е соборен авионот. Украинската армија на молба на ОН вчера прогласи „ден на примирје“ во текот на офанзивата против сепаратистите за да овозможи пристап на експертите до авионот. Меѓутоа, денеска офанзивата продолжува.