1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија на студии по просторно планирање

18 јули 2011

СПРИНГ е првата студиска насока на англиски јазике со мастер диплома при Техничкиот универзитет Дортмунд. СПРИНГ е кратенка за „Просторно планирање за региони во земјите со забрзан раст.“

https://p.dw.com/p/11w31
Studierende der Technischen Universität Dortmund
Студенти на универзитетот во ДортмундФотографија: TU Dortmund / Jürgen Huhn

Една Ејгипонг има 25 години и доаѓа од Гана. Таа е една од вкупно 21 студент на СПРИНГ при Техничкиот универзитет во Дортмунд. Денеска студентите ќе работат во две групи. Група 1 Азија и група 2 Африка. Сите заедно го дискутираат нивниот проект. Пред да ја добие стипендијата за студирање во Германија, Една во својата татковина студирала три години просторно планирање и ја добила диломата бечелор. Истовремено Една работела во хуманитарна организација, што им помага на домашните помали фирми повторно да заживеат. И останатите нејзини колеги од Дортмунд имаат веќе професионално искуство: „Како човек созрева, мора да мисли на иднината и да се образува. Затоа, постојано барав мастер студии. СПРИНГ одлично одговараше за мене и моето досегашно искуство. Други студии за просторно планирање се посветени на Европа или Северна Америка. Меѓутоа програмата СПРИНГ се занимава исклучиво со земјите во развој. А, токму тоа е посебното”, објаснува Една.

Мора да се има познавања од повеќе области

Просторно планирање опфаќа многу широко поле, објаснува доцентката Д-р. Ане Вебер. Овде студентите интензивно учат како финансиско, станбено планирање и планирање на населби, така и земјоделско стопанство, право на планирањето и екологија: „Кај нас студираат математичари, новинари и ветеринари. Сигурно се прашувате зошто сите овие луѓе сакаат да се образуваат во регионално планирање? Затоа што повеќето од нив на професионален план веќе работеле во планирањето.”

Дали се работи за кампања за вакцинирање или планови за финансирање, планирањето е секогаш дел од овие кампањи: „Досега работев во хуманитарна организација, која им помага на група жени да основаат пекара. Јас и моите колеги ги подржуваме жените и ги советуваме околу финансиите”, објаснува Една.

Во програмата СПРИНГ на универзитетот во Дортмунд студираат млади од целиот свет

Mathe-Tower der Technischen Universität Dortmund
Институтот за математика при техничкиот универзитет ДортмундФотографија: TU Dortmund / Jürgen Huhn

„Јас се викам Жералд и доаѓам од Танзанија. За мене е вистински предизвик да студирам со луѓе од 13 нации. На тој начин можам да научам од другите.” -“Јас доаѓам од Филипини и кога ќе се вратам дома ќе се стекнам со поголемо стручно знаење и се надевам дека ќе можам да и` помогнам на мојата земја.” Во тоа е убедена и Една Ајгепонг од Гана и покрај тоа што се` уште не ја завршила првата студиска година. „Ќе ви кажам само еден пример. Јас многу често се прашував, зошто толку добри проекти што се нудат од Запад жителите во земјите во развој не можат добро да ги спроведат. СПРИНГ ми покажа дека грешката била во тоа што досега локалните жители не биле никогаш вклучени во планирањето. Доколку повторно работам во таа област, гарантирам дека тоа поинаку ќе го правам“, вели Една.

Во првата студиска година во Дортмунд, студентите на СПРИНГ го изучуваат теорискиот дел. Во втората студиска година одат на еден од партнерските универзитети во Чиле, Филипини, Танзанија или Гана и таму треба практично да го спроведат тоа што дотогаш го научиле од областа на регионално планирање. Една ќе оди во Чиле, а потоа се надева дека ќе наиде на отворени можности за работа во Африка, Азија или Јужна Америка. 

Автор: Сузане Кордс / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Трајче Тосев